ИНСТИТУТ РЕСИС

Институтот РЕСИС е непрофитна истражувачка организација чија примарна мисија е да го унапредува знаењето за проблемите на општествената промена и тоа знаење да го стави во практична функција.
Со проектот LocalActiveMedia, РЕСИС продолжува да работи на својата стратегиска цел унапредување на комуникациските права на ранливите групи граѓани и зајакнување на капацитетите на локалните граѓански организации за систематско, аргументирано и координирано влијание врз политиките во јавната сфера.

Источен регион

ФОНДАЦИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА – ШТИП

Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип е непрофитна и невладина организација чија цел е да ги вклучи граѓаните во креирањето на јавни политики кои ќе влијаат на благосостојбата и подобрување на квалитетот на животот во локалната заедница. Тие се организација која работи на зајакнување на граѓанскиот сектор и поттикнување на децентрализација, како и создавање на услови за економски развој на заедниците.

ЕДУКАТВНО ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА - ЕХО

Едукативно хуманитарна организација – Ехо од Штип е основанa како иницијатива на група граѓани со значително искуство на работа во граѓанскиот сектор и со огромен ентузијазам за внесување на иновативни идеи во работата на граѓанските асоцијации. ЕХО активно работи во областа на заштита на жени жртви на родово базирано насилство и зголемување на граѓанското учество во креирањето на политики и донесувањето на одлуки.

БРАВУРА КООПЕРАТИВА

Хуманитарното Здружение за помош и поддршка на лицата со посебни потреби „Бравура Кооператива“од Делчево е здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните со цел остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како и за вршење на активности за донесување подобри услови и подобрување на грижата и застапување на правата на лицата со посебни потреби, поддршка, помош и соработка со семејствата на на лицата со посебни потреби и подобрување на социјалниот статус на на лицата со посебни потреби.

НВО КХАМ - ДЕЛЧЕВО

Здружението на граѓани НВО КХАМ - Делчево е невладина, непрофитабилна организација составена од група граѓани чија основна цел е подобрување на образовните потреби и социо-економските улови на маргинализираните групи во Источниот регион. Оваа организација организира настани и активности преку кои едуцира и информира за правата на ромите и другите ранливи групи.

ЕДНАКВИ ЗА СИТЕ – КОЧАНИ

Здружението „Еднакви за сите“ од Кочани функционира на волонтерска основа, по принцип на донаторски акции и теренско работење со цел да се заштитат старите и изнемоштени лица како засебна ранлива група. Тие организираат хуманитарни акции за собирање средства и материјали за помош на социо-економски загрозените луѓе во Источниот регион.

МЕДИА ПЛУС - ШТИП

Здружението на граѓани МЕДИА ПЛУС од Штип, е основано како доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани. Формирано е со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници.

ЗДРУЖЕНИЕ – ИНИ – ВИНИЦА

Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци – ИНИ е организација која работи на спроведување на програми од областа на образованието, одржливост, здравјето, економијата и доброто владеење со цел да се подобри животот на локалната заедница. Тие организираат обуки за странски јазици, за користење на компјутери, за ПЕЕР одукатори и спроведуваат акциски планови за заштита на локалната животна средина како и подобрување на здравството во източниот регион.

МОБИЛНОСТ - КОЧАНИ

Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА е национална инвалидска организација на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, која ги застапува интересите на лицата со телесен инвалидитет во комуникација со државните органи во Република Северна Македонија. МОБИЛНОСТ активно се занимава со застапување на правата за подобар живот на лицата и семејствата на лицата со телесен инвалидитет од социоекономски аспект, како и со нивна вклученост при креирањето политики кои се однесуваат на нив, интеграција во општествениот живот и недискриминација.

ЦРЗ СВЕТЛА ИДНИНА

Светла Иднина функционира како локален центар за култура, комуникација и едукација на Ромите.

ЗДРУЖЕНИЕ НА СЛЕПИ ЛИЦА НА ГРАД ШТИП

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, формиран под називот Сојуз на слепите на Република Македонија дејствува како национална, невладина, непартиска, непрофитна и хуманитарна организација од посебно општествено значење во Републиката.

ЗДРУЖЕНИЕ НА РОМИТЕ ЧЕРЕЊА - ШТИП

Здужението на Ромите Черења се залага за унапредување на статусот на Ромите во Република Северна Македонија. Целта на ова здружение е преку едуцирање и охрабрување на жените Ромки да говорат за семејното насилство, да се работи на превенција на истото. Здружението е активно вклучено во акции кои влијаат на подигнување на свеста на општествената заедница за семејното насилство врз жените Ромки, како едукативни работилници, спроведување на кампањи и форуми.

ЗМОЧП - ШТИП

Здружението на мултиетничко општество за човекови права - Штип ги застапува правата на ранливите категории граѓани и малцинствата на локално ниво.

ПОРАКА - ШТИП

Центарот за лица со интелектуална попреченост - Порака Штип е граѓанска, родителска и непрофитна организација која ги застапува правата и интересите на повеќе од лицата со интелектуална попреченост во Република Македонија.

РОТА - ШТИП

Ромската асоцијација за еднакви права е локална граѓанска организација која ги застапува правата на Ромите во Источниот регион од РСМ.

Југоисточен регион

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИ – СТРУМИЦА

Грѓанска организација која се залага за заштита на правата на жените и нивно интегрирање во општествениот живот. Организацијата на жени – Струмица е посветена на активно вклучување на жените во локалната инфраструктура, едукација за нивните права и како да се заштитат од родово базирана дискриминација како и нивна заштита од сите видови на насилство.

output-onlinepngtools
ПОЛИМАТ 13

Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13 работи на полето на заштита на животната средина преку подигнување на јавната свест и преземање на конкретни активности за унапредување на зачувување на животната средина со широко вклучување на заедницата во развојните процеси.

МОБИЛНОСТ – СТРУМИЦА

Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА е национална инвалидска организација на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, која ги застапува интересите на лицата со телесен инвалидитет во комуникација со државните органи во Република Северна Македонија. МОБИЛНОСТ активно се занимава со застапување на правата за подобар живот на лицата и семејствата на лицата со телесен инвалидитет од социоекономски аспект, како и со нивна вклученост при креирањето политики кои се однесуваат на нив, интеграција во општествениот живот и недискриминација.

305999517_1724469837910894_8453553041747938700_n
РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ - ГЕВГЕЛИЈА

Здружението Регионален центар за одржлив развој е невладина и непорфитна организација која информира ,едуцира, потикнува, развива и подржува иницијативи и активности кои придонесуваат за развивање на граѓанскиот сектор унапредување на демократксите процеси и добро владеење во локалната заедница.

ЖЕНСКА АКЦИЈА – РАДОВИШ

Женска акција - Радовиш е асоцијација за унапредување на статусот на жените со различна етничка припадност во современите општествени процеси во Република Северна Македонија. Целта на оваа асоцијација е да има организиран пристап и да работи на постојана општествена активност на жените во Радовиш и пошироко преку застапеност на жената во јавниот и политичкиот живот во РСМ. Оваа асоцијација нуди програми за заштита од насилство, економско јакнење на жената и унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје на жената преку кои ги остварува своите цели.

СКАЈ ПЛУС

Центарот за заштита на жртви на семејно насилство во Струмица обезбедува бесплатна, навремена и корисни информации, совети и совети за загрозените жени од различните етнички малцинства од општината Струмица.

ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ

Мисијата на Гевгелија Точак Клуб е да го промовира велосипедот како здрав и одржлив начин на транспорт, да обезбеди образование и ресурси за сите нивоа на возачи и да ги собере истомислениците да истражуваат нови дестинации и да уживаат во друштвото на едни со други.

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE