Живот со струја „на лажичка“
Повремено без вода, а постојано со слаб напон на струја живеат неколку десетици семејства во населбата „Света Недела“ во Штип, кои се обратија до Општината Штип и побараа помош. Поради комплексноста на проблемот, градоначалникот Иван Јорданов го свика Локалниот совет за превенција, со намера мултисекторски да се разгледаат граѓанските проблеми и да им се помогне. …