Search
Close this search box.

За #ЛокалАктив

#ЛокалАктив е онлајн медиум на локалните заедници од Источниот и Југоисточниот регион во РСМ, вклучително и на ранливите групи граѓани и граѓанските организации кои работат со нив.

#ЛокалАктив е основан во рамки на проектот „Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење“, поддржан од Националниот фонд за демократија (National Endowment for Democracy) од САД. Реализацијата на овој проект и формирањето на #ЛокалАктив произлезе од идејата дека непрофитните медиуми на заедницата се од клучно значење за остварувањето на комуникациските права на локалните заедници, а особено на ранливите и маргинализираните групи граѓани.

Претходно спроведените истражувања покажаа дека граѓаните на локално ниво, а особено ранливите и маргинализираните групи, добиваат малку простор и можности за остварување на нивните комуникациски права преку програмите на јавниот сервис и приватните медиуми, а непрофитните медиуми на заедницата се недоволно развиени бидејќи отсуствува поширока поддршка од државата за развој на овој медиумски сектор.

#ЛокалАктив се надоврзува на активностите на Институтот РЕСИС за унапредување на комуникациските права на граѓаните на локално ниво, преку формирањето на Мрежата од совети на публики во која членуваат повеќе од 60 граѓански организации кои ги застапуваат правата на ранливите групи граѓани низ сите осум региони во РСМ. Целта на оваа мрежа е граѓанските организации на локално ниво, низ координирано дејствување, да извршат поголемо влијание врз медиумите и медиумските политики во поглед начинот на кој во медиумската сфера се остваруваат правата на ранливите групи.

#ЛокалАктив е алтернативен медиум, независен од државата и огласувачите, чија мисија е да им овозможи на припадниците на локалните заедници пристап до медиумите и учество во создавањето медиумски содржини кои се поинакви од оние во главните медиуми, ставаат акцент врз себепретставувањето и придонесуваат за различноста на гледишта во јавната сфера.

Визијата на #LocalActive е на припадниците на локалните заедници, а особено на ранливите и маргинализирани групи граѓани од Источниот и Југоисточниот регион:

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE