ЗА НАС
Локал Актив е онлајн медиум на локалните заедници од Источниот и Југоисточниот регион во РСМ, вклучително и на ранливите групи граѓани и граѓанските организации кои работат со нив.
Локал Актив е основан во рамки на проектот „Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење“, поддржан од Националниот фонд за демократија (National Endowment for Democracy) од САД. Реализацијата на овој проект и формирањето на Локал Актив произлезе од идејата дека непрофитните медиуми на заедницата се од клучно значење за остварувањето на комуникациските права на локалните заедници, а особено на ранливите и маргинализираните групи граѓани.
Претходно спроведените истражувања покажаа дека граѓаните на локално ниво, а особено ранливите и маргинализираните групи, добиваат малку простор и можности за остварување на нивните комуникациски права преку програмите на јавниот сервис и приватните медиуми, а непрофитните медиуми на заедницата се недоволно развиени бидејќи отсуствува поширока поддршка од државата за развој на овој медиумски сектор.
Локал Актив се надоврзува на активностите на Институтот РЕСИС за унапредување на комуникациските права на граѓаните на локално ниво, преку формирањето на Мрежата од совети на публики во која членуваат повеќе од 60 граѓански организации кои ги застапуваат правата на ранливите групи граѓани низ сите осум региони во РСМ.
Локал Актив е алтернативен медиум, независен од државата и огласувачите, чија мисија е да им овозможи на припадниците на локалните заедници пристап до медиумите и учество во создавањето медиумски содржини кои се поинакви од оние во главните медиуми, ставаат акцент врз себепретставувањето и придонесуваат за различноста на гледишта во јавната сфера.
Визијата на Локал Актив е на припадниците на локалните заедници, а особено на ранливите и маргинализирани групи граѓани од Источниот и Југоисточниот регион:
- Да им овозможи пристап до алтернативен комуникациски канал за изразување на нивните интереси и потреби;
- Да ги унапреди нивните вештини и способности за создавање медиумски содржини од значење за нивната заедница;
- Да им помогне да придонесат за подобрување на квалитетот на нивниот живот и опкружување;
- Да ги поттикне да станат активни граѓани кои придонесуваат за развојот на локалната заедница и влијаат врз политиките на локално и национално ниво.