Публикации и анализи

Медиумите на заедницата – алтернативен поттик на локалната плуралистичка демократија

Медиумите на заедницата во онлајн сферата речиси воопшто не се развиени во Република Северна Македонија. Причината е главно тоа што не се препознаени во политиките и во легислативата, па поради тоа немаат ниту системска ниту финансиска поддршка од државата. Во РСМ, генерално, медиумската легислатива не ги опфаќа воопшто онлајн медиумите, ниту непрофитните, ниту комерцијалните. Во актуелниот процес на медиумски реформи што се одвива во земјава од септември 2022 година, сé повеќе се разговара за потребата од минимална регулација и на онлајн медиумите, како прашање што се наметнува и со новата Регулатива на ЕУ за слобода на медиумите. Овој документ дава насоки за надминување на пречките за развој на онлајн медиумите на заедницата во медиумскиот систем на Република Северна Македонија. Тој е резултат на завршната фаза на пилот-проектот за развивање автентичен модел на онлајн медиум на заедницата што Институтот РЕСИС го спроведуваше во Источниот и Југоисточниот регион на земјава. Ова е кусо резиме од истражувањето на комуникациските ставови, навики и потреби на различни ранливи групи од Источниот и Југоисточниот регион. Истражувањето дава увид во секојдневните навики на користење на медиумите и комуникациските технологии на лицата со телесна попреченост, но исто така и сознанија за пречките и проблемите со кои тие се соочуваат во пристапот до медиумите и јавната сфера. Резултатите од ова истражување ќе послужат како поттик за различни активности на граѓанските организации кои работат на унапредување на правата на ранливите групи граѓани на локално ниво. Истражувањето е спроведено во рамки на проектот Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – LocalActiveMedia поддржан од Националната фондација за демократија од САД.

Комуникациски навики, ставови и потреби на лицата со телесна попреченост

Домаќинствата во кои живеат лицата со телесна попреченост од од Источниот и Југоисточниот регион на РСМ имаат добар пристап до современи комуникациски технологии и уреди: дури во 83,8% од овие домаќинства има паметни телефони, во 66,7% има персонални компјутери, а во 52% од анкетираните домаќинства има паметни телевизори. Дел од лицата со телесна попреченост, особено повозрасните, имаат неколку проблеми при користењето на технологиите: речиси половината анкетирани (47%) немаат доволно вештини за работа на компјутер, 44% не се вешти при преребарувањето содржини на интернет, а 35,9% испитаници не се доволно вешти во користењето паметен телефон. За значаен процент испитаници проблем е и недостигот на финансиски средства за да набават паматен телефон (41%) или компјутер (41,1%). Ова е кусо резиме од истражувањето на комуникациските ставови, навики и потреби на различни ранливи групи од Источниот и Југоисточниот регион. Истражувањето дава увид во секојдневните навики на користење на медиумите и комуникациските технологии на лицата со телесна попреченост, но исто така и сознанија за пречките и проблемите со кои тие се соочуваат во пристапот до медиумите и јавната сфера. Резултатите од ова истражување ќе послужат како поттик за различни активности на граѓанските организации кои работат на унапредување на правата на ранливите групи граѓани на локално ниво. Истражувањето е спроведено во рамки на проектот Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – LocalActiveMedia поддржан од Националната фондација за демократија од САД.

Комуникациски навики, ставови и потреби на лицата со оштетен слух

Пристапот до паметни комуникациски уреди на домаќинствата во кои живеат лицата со оштетен слух од Источниот и Југоисточниот регион на РСМ е релативно мал: паметни телефони имаат 61%, персонални компјутери 48,8%, а паметни телевизори имаат само 40,2% од домаќинствата. Проблеми при користењето на технологиите за овие лица се: недостатокот на вештини за работа на компјутер (56,1%), за пребарување содржини на интернет (53,6%), како и за користење паметен телефон (47,5%). Голем проблем за нив е и тоа што немаат пристап до асистивна технологија (автоматски генерирани титли) за читање видеа на интернет (59,7%), како и отсуството на знаковен јазик или титли на програмите на домашните ТВ канали (51,2%). Ова е кусо резиме од истражувањето на комуникациските ставови, навики и потреби на различни ранливи групи од Источниот и Југоисточниот регион. Истражувањето дава увид во секојдневните навики на користење на медиумите и комуникациските технологии на лицата со оштетен слух, но исто така и сознанија за пречките и проблемите со кои тие се соочуваат во пристапот до медиумите и јавната сфера. Резултатите од ова истражување ќе послужат како поттик за различни активности на граѓанските организации кои работат на унапредување на правата на ранливите групи граѓани на локално ниво. Истражувањето е спроведено во рамки на проектот Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – LocalActiveMedia поддржан од Националната фондација за демократија од САД.

Ова е кусо резиме од истражувањето на комуникациските ставови, навики и потреби на различни ранливи групи од Источниот и Југоисточниот регион. Истражувањето дава увид во секојдневните навики на користење на медиумите и комуникациските технологии на лицата со оштетен вид, но исто така и сознанија за пречките и проблемите со кои тие се соочуваат во пристапот до медиумите и јавната сфера.

Комуникациски навики, ставови и потреби на лицата со оштетен вид

Пристапот до комуникациски технологии и уреди не е голема пречка за остварување на комуникациските права на лицата со оштетен вид од Источниот и Југоисточниот регион на РСМ: 65,2% од домаќинствата имаат паметни телефони, 64% имаат паметни телевизори, 60,7% имаат персонални компјутери. Но, она што на најголем дел од оваа ранлива група граѓани им недостасува се: знаења и вештини за работа со компјутер (77,5%), за пребарување содржини на интернет (59,5%), како и за користење паметен телефон (58,4%). Оттаму, разбирлив е податокот дека само една петина од анкетираните лица секојдневно користи компјутер за различни потреби. Ова особено се однесува на повозрасните испитаници кои често немаат на кого да се обратат за помош во домаќинството.

Ова е кусо резиме од истражувањето на комуникациските ставови, навики и потреби на различни ранливи групи од Источниот и Југоисточниот регион. Истражувањето дава увид во секојдневните навики на користење на медиумите и комуникациските технологии на лицата со оштетен вид, но исто така и сознанија за пречките и проблемите со кои тие се соочуваат во пристапот до медиумите и јавната сфера. Резултатите од ова истражување ќе послужат како поттик за различни активности на граѓанските организации кои работат на унапредување на правата на ранливите групи граѓани на локално ниво. Истражувањето е спроведено во рамки на проектот Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – LocalActiveMedia поддржан од Националната фондација за демократија од САД. Студијата произлезе од потребата да се изгради автентичен и одржлив модел на онлајн медиум на заедницата во РСМ што ќе ги задоволува комуникациските потреби на сите групи граѓани на локално ниво.

МЕДИУМИ НА ЗАЕДНИЦАТА: Концепти, развој и искуства - КОМПАРАТИВНА СТУДИЈА

Медиумите на заедницата се феномен – самоник, произлезен директно од потребата на различни групи во општеството да најдат начин како да го задоволат оној дел од своите медиумски потреби што не го наоѓаат во главните (мејнстрим) медиуми. Студијата произлезе од потребата да се изгради автентичен и одржлив модел на онлајн медиум на заедницата во РСМ што ќе ги задоволува комуникациските потреби на сите групи граѓани на локално ниво. Компаративната студија ги претставува различните теоретски пристапи, стандардите на Советот на Европа за овој вид медиуми, како и искуствата од други земји во создавањето непрофитни медиуми што им служат на локални групи и заедници.

НАСОКИ ЗА СТРАТЕГИСКО ВМРЕЖУВАЊЕ И КОМУНИКАЦИЈА

Втората фаза од акциското истражување на РЕСИС се состоеше од спроведување консултативен процес со граѓанските организации (и вклучување нови ГО) за облиците на вмрежување и комуникација – преку реализирање на онлајн индивидуални интервјуа. Како резултат на овој процес беа изработени Насоки за стратегиско поврзување на граѓанските организации во Мрежа од совети на публики.

ПРОЦЕНКА - РАНЛИВИТЕ ГРУПИ ВО ЈАВНАТА СФЕРА

Институтот РЕСИС, во периодот од октомври 2019 до март 2020 година, ја спроведе првата фаза од акциското истражување кое има за цел формирање на Мрежа од совети на публики во РСМ. Со спроведените фокусни групи беа опфатени околу 50 граѓански организации на локално ниво кои работат на остварување на правата на различни ранливи групи. Целта на оваа фаза беше да се согледаат мислењата на граѓанските организации за состојбите во медиумската сфера од аспект на исполнувањето на комуникациските права на ранливите групи.

КОМУНИКАЦИСКИТЕ ПРАВА НА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ ВО ДИГИТАЛИЗИРАНОТО МЕДИУМСКО ОПКРУЖУВАЊЕ - МОЖНОСТ ИЛИ ИЛУЗИЈА

Овој документ ги идентификува главните пречки за остварување на комуникациските права на ранливите групи во дигитализираната јавна сфера на Северна Македонија и нуди насоки и препораки за дејствување со цел да се зголеми свесноста за комуникациските права и влијанието на ранливите групи врз градењето на медиумските политики и саморегулацијата.

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE