Search
Close this search box.

Едукативни материјали

ПРИРАЧНИК ЗА АНАЛИЗА НА МЕДИУМСКИ СОДРЖИНИ – Тематска анализа

Прирачниците за анализа на медиумските содржини се наменети за членките на Мрежата од Совети на Публики, но и за сите граѓански организации кои работат со различни ранливи групи. Тие се изработени за да им послужат како истражувачки алатки при идентификувањето различни форми на стереотипизирање на ранливите групи во медиумските или други јавно публикувани содржини. Тематска анализа е метод за анализирање на квалитативни податоци. Најчесто се применува за анализирање збир од текстови, како на пример транскрипти од длабински интервјуа. Истражувачот внимателно го прегледува текстот со цел да ги идентификува општите теми што извираат од него прашања, идеи и обрасци на значења што се повторуваат.

ПРИРАЧНИК ЗА АНАЛИЗА НА МЕДИУМСКИ СОДРЖИНИ – Анализа на содржина

Прирачниците за анализа на медиумските содржини се наменети за членките на Мрежата од Совети на Публики, но и за сите граѓански организации кои работат со различни ранливи групи. Тие се изработени за да им послужат како истражувачки алатки при идентификувањето различни форми на стереотипизирање на ранливите групи во медиумските или други јавно публикувани содржини. Анализата на содржина е истражувачки метод кој се користи за да се откријат обрасците во одреден текст, комуникациска порака или друг вид содржина.

ПРИРАЧНИК ЗА АНАЛИЗА НА МЕДИУМСКИ СОДРЖИНИ – Дискурзивна анализа

Прирачниците за анализа на медиумските содржини се наменети за членките на Мрежата од Совети на Публики, но и за сите граѓански организации кои работат со различни ранливи групи. Тие се изработени за да им послужат како истражувачки алатки при идентификувањето различни форми на стереотипизирање на ранливите групи во медиумските или други јавно публикувани содржини. Дискурзивна анализа е истражувачки метод за проучување на значењето на говорен или пишан текст во неговиот општествен контекст. Целта на овој метод е да се разбере како се користи јазикот и какво е неговото можно толкување од различни групи и во различни секојдневни ситуации.

Прирачник за подготовка на предлог за истражување за застапување

За да може една ГО да изврши влијание врз носителите на политики да ги изменат законите или да се подобри нивната примена, преку застапување или на друг начин, неопходни и се информации. За да добие информации за одделно прашање или проблем, ГО треба да спроведе некакво истражување. Истражувањето помага да се добие сеопфатно разбирање на одредена појава или процес, да се откријат причините што влијаеле или последиците до кои довело одредено однесување на луѓето.

Програма за менторство за изработка на предлог за истражување за застапување на граѓански организации кои работат со ранливи групи

Менторството може да им помогне на граѓанските организации да го збогатат своето знаење во одредено поле и да ја унапредат својата работа во застапувањето. Со менторството, исто така, во граѓанската организација се поттикнува култура на учење, споделување идеи и создавање заедничка визија за развој на организацијата.

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE