Едукативни материјали
НАСОКИ за создавање аналитички приказни на онлајн медиумот на заедницата Локал Актив
Целта на аналитичките приказни на Локал Актив е да откријат и да истражат локални прашања
и проблеми кои или воопшто ги нема или пак ретко ги има во традиционалните медиуми, а кои
имаат исклучително значење за локалните жители. Истражувањето на приказните треба да
овозможи да посочиме каде точно е проблемот и оттаму да биде јасно извлечено што е тоа
што локалните заедници го бараат од локалните или централните институции или што е тоа
што локалните заедници треба да го направат за да си ја подобрат состојбата. Така, медиумот
на заедницата не само што ја збогатува локалната јавната сфера со независни информации и
анализи, туку станува и никулец на идна граѓанска акција. Нашите теми се однесуваат на
причините за сиромаштијата, нееднаквоста, нефункционалноста на здравствениот систем,
несоодветното образование, отсуството на заштита на животната околина и други важни
прашања.
ПРАКТИЧЕН ВОДИЧ ЗА ЗАЕДНИЧКО ЛОКАЛНО ЗАСТАПУВАЊЕ
Овој водич, пред сè, е наменет за локални новинари и за граѓански организации
што сакаат заеднички, плански и однапред осмислено да влијаат врз носителите
на јавни политики и да поттикнат конкретни промени во интерес на граѓаните од
своите локални заедници.
Целта на водичот е да ви помогне да преминете од поединечни, ад хок и неповрзани
активности кон структуриран процес на застапување со јасна цел, стратегија, улоги,
пораки и очекувани резултати, во определен временски период.
ПРИРАЧНИК ЗА АНАЛИЗА НА МЕДИУМСКИ СОДРЖИНИ – Тематска анализа
Прирачниците за анализа на медиумските содржини се наменети за членките на Мрежата од Совети на Публики, но и за сите граѓански организации кои работат со различни ранливи групи. Тие се изработени за да им послужат како истражувачки алатки при идентификувањето различни форми на стереотипизирање на ранливите групи во медиумските или други јавно публикувани содржини.
Тематска анализа е метод за анализирање на квалитативни податоци. Најчесто се применува за анализирање збир од текстови, како на пример транскрипти од длабински интервјуа. Истражувачот внимателно го прегледува текстот со цел да ги идентификува општите теми што извираат од него прашања, идеи и обрасци на значења што се повторуваат.
ПРИРАЧНИК ЗА АНАЛИЗА НА МЕДИУМСКИ СОДРЖИНИ – Анализа на содржина
Прирачниците за анализа на медиумските содржини се наменети за членките на Мрежата од Совети на Публики, но и за сите граѓански организации кои работат со различни ранливи групи. Тие се изработени за да им послужат како истражувачки алатки при идентификувањето различни форми на стереотипизирање на ранливите групи во медиумските или други јавно публикувани содржини.
Анализата на содржина е истражувачки метод кој се користи за да се откријат обрасците во одреден текст, комуникациска порака или друг вид содржина.
ПРИРАЧНИК ЗА АНАЛИЗА НА МЕДИУМСКИ СОДРЖИНИ – Дискурзивна анализа
Прирачниците за анализа на медиумските содржини се наменети за членките на Мрежата од Совети на Публики, но и за сите граѓански организации кои работат со различни ранливи групи. Тие се изработени за да им послужат како истражувачки алатки при идентификувањето различни форми на стереотипизирање на ранливите групи во медиумските или други јавно публикувани содржини.
Дискурзивна анализа е истражувачки метод за проучување на значењето на говорен или пишан текст во неговиот општествен контекст. Целта на овој метод е да се разбере како се користи јазикот и какво е неговото можно толкување од различни групи и во различни секојдневни ситуации.
Прирачник за подготовка на предлог за истражување за застапување
За да може една ГО да изврши влијание врз носителите на политики да ги изменат законите или да се подобри нивната примена, преку застапување или на друг начин, неопходни и се информации. За да добие информации за одделно прашање или проблем, ГО треба да спроведе некакво истражување. Истражувањето помага да се добие сеопфатно разбирање на одредена појава или процес, да се откријат причините што влијаеле или последиците до кои довело одредено однесување на луѓето.
Програма за менторство за изработка на предлог за истражување за застапување на граѓански организации кои работат со ранливи групи
Менторството може да им помогне на граѓанските организации да го збогатат своето знаење во одредено поле и да ја унапредат својата работа во застапувањето. Со менторството, исто така, во граѓанската организација се поттикнува култура на учење, споделување идеи и создавање заедничка визија за развој на организацијата.