Солидарноста со борбата на текстилните работнички го „тетовира“ јавниот простор во Штип

„Се бориме за леб, но се бориме и за ружи” е пораката на големиот мурал што на Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, која осамна во едно од најфреквентните места во Штип,  паркот К’ртеќе. Муралот е посветен на текстилните работнички и сите останати работнички и е дел од креативниот активизам на Здружението Гласен текстилец, кое се бори за правата на работниците.

споменик конец
Споменик „Магичен Конец“

Всушност, група кумановски уметници од Здружението Форма ја артикулираа каузата на Гласен текстилец, оваа година преку трансформирање на поранешната работничка парола „Сакаме леб, но сакаме и рози“.

„Борбата за работнички права кај нас почнала од жените работнички, главно од текстилната индустрија. Политичарите зборуваат дека повеќе се насочени кон родова еднаквост и покачување плати, но во реалноста, едно се зборува во Собранието, Владата и во министерствата, а сосема друго се случува помеѓу нас. Со закон се наведени правата на жените, но тие нив не ги уживаат. Кога работодавачот ќе дознае дека некои жени се бремени, ги отпуштаат од работа или не им се продолжува договорот“, рече на откривањето на муралот, Кристина Ампева, претседателка на Гласен текстилец.

Муралот е дело на четворица автори до Форма, кои го исцртаа во еден ден.

Дејвид Стоилковски е дипломиран сликар, кој заедно со уште еден колега сликар, геодет и книжевник работеа на муралот. Врската со Гласен текстилец дошла преку Центарот за современи уметности од Скопје, со кој соработуваат и не требало многу за да ја оформат идејата и да го нацртаат муралот во Штип. Стоилковски верува дека уметноста преку креативниот активизам може да направи разлика и ја промени свеста кај луѓето. Како пример го истакна случајот со загадената река во Куманово, покрај која нацртале мурал.

-„Кога ќе ја исчистите реката, ќе го исчистиме муралот“, беше нашата порака на муралот. Следниот ден почна чистењето, кое траеше ден – два. Знаете како е, ова е Македонија, Но, барем ги предизвикавме на акција, вели Стоилковски.

„Кога ќе ја исчистите реката, ќе го исчистиме муралот“, беше нашата порака на муралот. Следниот ден почна чистењето, кое траеше ден – два. Знаете како е, ова е Македонија, Но, барем ги предизвикавме на акција, вели Стоилковски.

Овие два мурала им се два од уметничките делата кои имаат активистичка порака, какви што нацртале неодамна во Кавадарци, во виничко Блатец, во нивното родно Куманово.

„Се бориме за леб, но се бориме и за ружи“ - Штипски уметници во солидарност со текстилните работнички

Имаме обичај во Куманово да уредиме катче, да разубавиме клупи, на нацртаме графити со порака. Тоа се графити на кои навикнаа кумановчани и ги очекуваат. Да не правиме тоа, Куманово ќе биде сиво. Сакаме да  да им покажеме на младите дека активизмот може да биде убава замена за денгубење со пиење кафе, вели Стоилковски.

Ние не одиме на протести, ни цртаме – тоа е  девизата на Здружението Форма. Ова е млада организација, регистрирана во 2021 година, иако претходна оваа млада група на уметници и интелектуалци делувале неформално. Оваа година по трет пат ќе го организираат фестивалот на графити во Куманово, со учесници од Србија, Бугарија, Турција, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.    

Креативниот активизам за Гласен текстилец не е ништо ново. Осмо-мартовскиот мурал е само логичен ред на неколкугодишните активности преку уметност да се искаже пораката за зголемување на свеста на луѓето.

„Борбата за работнички права кај нас почнала од жените работнички, главно од текстилната индустрија. Политичарите зборуваат дека повеќе се насочени кон родова еднаквост и покачување плати, но во реалноста, едно се зборува во Собранието, Владата и во министерствата, а сосема друго се случува помеѓу нас. Со закон се наведени правата на жените, но тие нив не ги уживаат. Кога работодавачот ќе дознае дека некои жени се бремени, ги отпуштаат од работа или не им се продолжува договорот“

Во 2019 година, за време на манифестацијата „Текстилијада“, беше поставена четири метарска игла. Иглата како симбол на работничките права, според Гласен текстилец е синоним за Штип – градот кој живее од текстилството, изминатите 70 години, во кој неколку илјади семејства се прехранувале од текстилната индустрија.

Следната, 2020 година, на 16 октомври, за време на пандемијата, кога стотина работници останаа без работа,  беше поставен споменик  насловен, „Магичен конец“ во чест на текстилните работници и нивните златните раце.

-Овој споменик ќе стои и после здружението, и после нас ,за да сведочи за текстилните работнички и работници, нивната борба и оваа ситуација со оваа криза од вирусот каде беа нанесени неправди и страв за егзистенција, соопштија од Гласен текстилец.

Веруваме дека креативниот активизам прави промени. Пред некоја година марширавме со работничките мантили го поставивме графитот на Градскиот стадион со окованите раце и пораката за живот со минимална плата. Ги предизвикавме политичарите да разговараат за минималната плата и мислам дека успеавме во тоа. Така е и со иглата како симбол на градот и текстилните работнички, споменикот „Магичен конец“, кој влезе националниот каталог на споменици, а сега и со муралот, изјави за Локалактив, Кристина Ампева од Гласен текстилец.

игла група штип
Игла, симбол на работничките права

Поврзаноста на уметност и активизам го обојува сивилото, но поттикнува и ја засилува борбата за работнички права во Штип.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE