Од баратели на азил во Западна Европа, до вешти занаетчии интегрирани во македонскиот систем

Заминале како азиланти во земјите на Европска унија, но биле вратени назад, бидејќи Македонија со воведувањето на безвизниот режим со ЕУ, не е на листата на земји чии граѓани може да им биде даден азил, освен во исклучителни ситуации.

Овие македонски државјани, кои биле вратени назад, во голем дел се припадници на ромската заедница. Во моментот кога се враќаат овде, се соочуваат со бројни проблеми и пречки кои го отежнуваат остварувањето на нивните основни права.

Фото: Здружението на мултиетничко општество за човекови права

„Не можат да остварат ниедно право. Избришани се од системот од завод за вработување, не можат да остварат здравствено осигурување, а да не зборуваме за работа, вештини и слично“, вели Ерол Адемов од Здружението на мултиетничко општество за човекови права од Штип.

Оваа организација е дел од групата на граѓански организации, како и институции на централно и локално ниво, кои заедно им помагаат на повратниците, за тие повторно да се вклучат во општеството. Преку обуките и активностите за нивна интеграција, некогашните баратели на азил, меѓу другото,  добиваат работни вештини, кои се барани на пазарот на труд.

„Најпрво ги идентификуваме. Во моментов сме во фаза да видиме колку се и каде се стационирани, а потоа следува многу работа за нивна ресоцијализација“, велат невладини организации кои работат на пружање помош на овие луѓе.

Во Штип Здружението на мултиетничко општество за човекови права и Здружението на Роми Черења се ангажирани на нивна ресоцијализација. После мапирањето следуваат и обуки за овие луѓе.

Неодамна се одржа и првата средба со овие луѓе каде се анализираше што е она што им е потребно и кои вештини им недостасуваат за нивна целосна ресоцијализација и спречување на повторен азил.

Штип, Прилеп и Шуто Оризари се трите општини каде се спроведува пилот проект за зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците во Западен Балкан. Во оваа фаза треба да бидат опфатени 500 повратници преку различни модели на обуки за квалификација и стекнување нови вештини, кариерно советување и поддршка при (само)вработување.

„Најпрво ги идентификуваме. Во моментов сме во фаза да видиме колку се и каде се стационирани, а потоа следува многу работа за нивна ресоцијализација“, велат невладини организации кои работат на пружање помош на овие луѓе.

„Иницијативата има огромна важност бидејќи ќе ги адресира главните проблеми со кои се соочува ромската популација, пред сѐ поради долгата традиција на миграција, сиромаштијата и лошите услови за домување во матичните земји, невработеноста, недостатокот на соодветни социјални услуги и постојана борба да обезбедат достоен и квалитетен живот“, изјави, Армен Григорјан, претставник на УНДП, која заедно со Светска банка и Совет на Европа, ја поддржуваат иницијативата.

Во базите  на Еуростат, во последните 10 години евидентирани се  вкупно 17.500 македонски граѓани, кои побарале азил во земјите на Европска Унија, од кои најголем дел се Роми.

Нивната ефикасна реинтеграција претставува огромен предизвик за матичните земји кои мора да изнајдат начини за нивно активно вклучување на пазарот на трудот и зголемување на нивната вработливост.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE