Барањата на младите од локалните средини мора да бидат артикулирани во новата Стратегија за млади

КОВИД кризата предизвика, 90% од младите да следат образование од дома. Ова сериозно влијаше на квалитетот на образованието, а особен удар претрпеа младите од ранливите групи.

Ова е констатација во повеќе пост-пандемиски истражувања. Квалитетот на образованието е идентификуван како проблем за решавање во новата драфт Стратегија за млади 2023 – 2027 година.

„Дел од ранливите групи млади не секогаш ги имаа потребните услови во домот за непречено следење на наставата, предизвик со кој се соочија речиси сите држави во светот. За време на првите месеци од пандемијата младинската невработеност бележеше благ раст“, се вели во анализа на тековната состојба на младите во стратегијата за млади, подготвена од Агенцијата за млади и спорт.

Овој наод од подготвената Анализа во пресрет на подготовката на Стратегијата, неодамна беше презентиран пред младите во Штип, како дел од серијата консулатции на локално ниво низ градовите, на преставниците на Агенцијата.

Водени од потребите на младите, изготвувачите на драфт верзија на Стратегијата за млади 2023- 2027 година, опфаќаат неколку сектори на интервенција, како младинско учество, информирање, младинска работа, образование, култура, здравје и претприемништво.

„Како младинска организација ние постојано бараме младинско учество.

фото: Агенција за млади и спорт

Стратегиите се добар документ и основа за младински развој и младинско учество. Стратегијата ќе се промовира низ речиси сите градови низ државата и ќе се дискутира за можностите за нејзино подобрување“, истакна Драгана Митровиќ од организацијата Сојуз за Младинска Работа.

Во текот на јавната расправа, младите ги истакнаа состојбите, но и барањата, кои водат кон подобрување на младинскиот живот во државата, како вработување, младинска работа, повискои платени работни места,  доверба од институциите и  можности за себереализација.

За младите е важна и можноста за  дополнителна едукација, поквалитетно образование, мерки за подобрување на статусот. Не помалку важно за нив е поголемото вклучување при процесот на носење на одлуки.

Предлог стратегијата е поставена на веб страницата на ЕНЕР и според повикот на Агенцијата за млади и спорт, очекувањата се што е можно повеќе млади да се вклучат во коментирање на документот.

Целта е да се нарави документ кој ќе биде во функција на младинскиот развој. Повикот се однесува на младинските граѓански оргазизации, неформални младински групи, иницијативи и други типови на младински организации, да се вклучат со свои предлози на ЕНЕР.

Процесот на креирање на новата Национална стратегија за млади 2023-2027 го води Агенцијата за млади и спорт со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Фондот за население на Обединети нации (УНФПА) и Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП).

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE