Низ трнлив пат, но успехот е можен за ромките

Ромките се една од најдискриминираните категории на граѓани. Поради тоа, кај голем дел од нив во месец март нема причина за славење, поради тоа што доживуваат двојна дискриминација – еднаш поради тоа што се жени, а втор пат што се Ромки. Ова беше посочено на настанот посветен на Ромките насловен „Ромската жена во 21-ви век, можности придонеси и предизвици“.

Патот за надминување на предрасудите, традициите на подреденост и дискриминираност е во образованието. Фактот дека сè повеќе ромски девојчиња остануваат во образовниот систем, наместо влетување во малолетнички бракови, придонесе кон чекор напред, а со тоа полека да се поместува и перцепцијата за Ромките. Ова мало поместување, според пратеничката Љатифе Шиковска, треба да придонесе за поголема видливост, бидејќи како што рече, Ромката денеска не е видлива во македонското општество. 

„Жените од ромската националност често се предмет на дискриминација и со право голем дел од нив одбиваат да го слават празникот на жената. Често тие немаат причина за славење затоа што неретко трпат неправди само поради тоа што се Ромки. Иако се во право со неодбележување на мислење сум дека треба да се одбележува се додека не постигнеме целосна родова и етничка еднаквост. За да го постигнеме ова, ние како жени Ромки треба да се подржуваме меѓусебно, но и разбирање од јавноста“, вели Љатифе Шиковска, пратеничка во Собранието на РСМ.

Шиковска беше дел од настанот, организиран од мрежата на ромски невладини организации Кетане, на кој беа презентирани приказни на неколку успешни Ромки кои ја нашле својата значајна улога во македонското општество.

Таа друга страна на медалот ја претставија Рамизе Јусинова, студентка на Факултетот 

за Медицински науки од Штип, Реснија Асановска, доктор по Општа медицина , Азиса Сали, граѓанска активистка од Шуто Оризари и Ѓулафман Мустафова, образовен едукатор во Општина Штип.

Патот до успехот на Ромките е исклучително тежок, а попатно се среќава со предрасуди и традициналните верување на заедницата на која припаѓаат. Идната докторка, Рамизе Јусинова, имала друг сон за кариера – да биде актерка. Но, била свесна дека ќе биде осудена како „нечесна“ жена.

„Како мала сакав да бидам глумица. Но, како растев во мене се појавуваше срам што би рекле луѓето за професијата. Луѓето од нашата заедница размислуваат ако женската личност стане успешнa во тоа поле и така автоматски станува „нечесна жена“, т.е. се создава погрешна слика за неа“, рече Јусинова.

Жените од ромската националност често се предмет на дискриминација и со право голем дел од нив одбиваат да го слават празникот на жената. Често тие немаат причина за славење затоа што неретко трпат неправди само поради тоа што се Ромки. Иако се во право со неодбележување на мислење сум дека треба да се одбележува се додека не постигнеме целосна родова и етничка еднаквост. За да го постигнеме ова, ние како жени Ромки треба да се подржуваме меѓусебно, но и разбирање од јавноста

Невидливата моќ на Ромкте е преку граѓански активизам да обезбеди подобри здравствени услови за жените во Општината Шуто Оризари, кои конечно добија гинеколог. Ова е приказната на  Азиса Сали од Здружението Иницијатива за права на жените. Азиса раскажа како со помош на меѓународни организации и државните институции и голем напор на ромскиот граѓански сектор успеале да донесат гинеколог во ординацијата во Шуто Оризари. Медицинската сестра ја обезбедиле со донации на граѓанските организации. Сега целата енергија е насочена кон теренска работа и обезбедување на што поголем број на пациентки, за гинекологот да има мотив да остане.

„Регистриравме три случаи на починати родилки во една година, што е значајно зголемување на смртни случаи и поради тоа е важно да остане гинекологот и да пружа помош. Предизвиците, за жал се секојдневни и тоа во различни сфери. Најчести тешкотии на Ромките се  во остварување на здравствените и социјалните права, кои се и човекови права“, изјави Сали.

Овие млади, успешни Ромки сметаат дека е надежен фактот што женските деца во образованието се позастапени за разлика од минатото. Тоа пак полека ја менува улогата на Ромките во сè уште традиционалното, патријархално семејство.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE