Жителите на делчевското село Разловци, бараат од властите решавање на проблемот со селската инфраструктурата – особено го истакнуваат пристапниот пат, кој е оштетен и потребна му е целосна реконструкција.
Тие, во отсуство на инцијатива на општината, планираат сами да почнат со поправките на патот, а успеале и да пронајдат компанија подготвена да им помогне.
На селото му се потребни и други иницијативи, со цел тоа повторно да заживее преку различни културни, едукативни, социјални содржини.
Разловци, познато како епицентар на Разловечкото востание, е една од дестинациите на кои локалната акциска група Малеш Пијанец спроведува серија средби со заедниците, за директно од нив да ги дознае проблемите и соодветно на тоа да покрене застапувачки акции.
Целта на иницијативите на групата е да се подобри состојбата со животната средина преку иницирање соработка и активизам на жителите на општините од Малешевијата.
