Интеграција, образование, грижа за младите со Даунов синдром

Додека се одбележуваше Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, здруженијата што ги обединуваат нивните родители попатно потсетија на барањата што со години остануваат исти – интеграција, образование, грижа.

Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром Вера од Струмица и неговата претседателка Анче Туфекџиева и самата родител на дете со Даунов синдром, потсетува дека образовната инклузија започна пред години, но и натаму има проблем со обезбедување на доволен број на образовни асистенти.

„Да се обезбедат образовни и лични асистенти, да бидат соодветно пријавени и платени, да се обезбеди минимална плата за родителите кои не можат да одат на работа поради секојдневните и неопходни обврски со своите деца, отворање на центри за рехабилитација, спортски активности за сите лица со попреченост во сите градови, се само дел од промените кои ни се потребни“, смета Туфекџиева.

 Следниот проблем произлегува со децата кои што го завршуваат средно образование. Родителите на овие деца сметаат дека тие се сосема подготвени да го вложат својот труд и општините, институциите и останатите треба да им ги отворат вратите. Засега ваквите примери се бројат на прсти.

Покрај тоа, потребни се своевидни социјални клубови за млади над 18 

Извор: Здружение за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром Вера

години, но и центри за обуки за вработување или слични. Дневните центри кои работат по општините, згрижуваат деца до 18 години, но за постарите нема место.

„Ние како мајки на деца со попреченост немаме никаков статус во оваа општество, иако постои закон со кој можеме да се вработуваме на 4 часа во претпријатија а останатите 4 часа да ни ги плаќа државата сепак тоа го нема во пракса. Има мајки кои поради попреченоста на своето дете не можат да одат на работа и од државата земаат посебен додаток само 5000 денари“, изјави во една прилика Туфекџиева.

Ваквите здруженија, како што е Вера од Струмица овозможуваат поддршка на лицата со Даунов синдром, со чија работа полека се ублажуваат стереотипите и предрасудите за овие деца и млади. Но, како што нагласуваат, состојбата е далеку од идеална.

Една од активностите што помага во надминување на јавните бариери е и традиционалната модна ревија на која заедно излегуваат децата со Даунов синдром и јавните личности од југоисточниот регион.  За оваа година, Здружението подготви кампања „Различно исти“ за социјалните медиуми, преку објавување на видео спотови со пораки.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE