Автор: Љубе Лазаревски*
Повеќе од три месеци, 60 годишната Лимонка Митева од Струмица наоѓа разни канали и начини да го набави лекот „Декортин“, кој ѝ потребен за ублажување на симптомите од нејзиното ревматско воспаление на зглобовите.
Тврди дека, овој кортикостероид, сѐ уште ретко се наоѓа низ градските аптеки, а таа мора да го прима секој ден, бидејќи има воспаление на зглобовите кое е проследено со отекување на различни делови од телото.
Нејзината состојбата создава и оштетувања на функцијата и структурата на моторните елементи на периферните нерви.
Доктор Сања Манчева од Струмица за Локалактив објаснува дека овој лек е важен бидејќи има широк спектар на дејствување за анти-воспалителни состојби:
„Ова е неопходен лек за повеќе пациенти со акутни воспалителни процеси како што се ревматските, болести на бели дробови, нарушување на нервниот систем, болести на црниот дроб, на горните респираторни органи. Во моментов даваме други лекови како „Декстаметазон“ или „Пронизон“. „Декортинот“ мора да го има во континуитет бидејќи станува збор за лек кој има широк спектар за анти-воспалителни состојби и третман кај автоимуни заболувања“ вели д-р Сања Манчева.

Повторно проблем со „Декортинот“
Лимонка Митева вели дека до Нова Година немала проблем да го набави овој лек, но во првите неколку месеци од 2023-та, лекот не можел да се најде ниту на позитивната листа на Фондот за здравство ниту пак да се купи од градските аптеки.
Последниве денови го има во понекоја аптека во Струмица – но во мали количини и во дози кои за многу пациенти се поголеми од дневната доза. Митева, како и стотици други хронично болни луѓе од овој регион, е револтирана поради оваа состојба:

Таа користи доза од пет милиграми, но, тврди дека по струмичките аптеки од време навреме може да се најдат само пакувања од 20 милиграми.
„Толку години ја примам оваа терапија и досега ова ми се нама случено. Зачудена сум што никој претходно не нѐ извести дека „Декортинот“ ќе го нема во продажба за да можевме да си набавиме залихи. Јас имам големи проблеми ако не го примам овој лек. Страдам од ревматиден артритис и невропатија. Многу сум лута и нервозна што покрај маката од болеста морам да се соочувам и со оваа мака, да шетам по аптеките за да најдам лек“, вели Митева.
Проблемот во Струмица е проблем во целата држава
Нејзиниот проблем е проблем на стотици други, кои во југоисточниот регион живеат со акутни воспалителни состојби.
Снежа Стојанова од соседната општина Босилово, страда од автоимунолошко заболување Лупус. Таа ги троши последните апчиња кои ги купила од аптека со доза поголема од пропишаната дневна доза – од 20 милиграми. Апчињата ги крши на четири дела, по пет милиграми колку што треба да пие.
Снежа нервозно излегуваше од една аптека каде не добила конкретен одговор кога ќе добијат „Декортин“ од пет милиграми. За Локалактив изјави:
„Страдам од лупус. Сега лекарката од клиника за ревматолгоија ми даде рецепт со пропишана доза од 7,5 милиграми дневно слично како што користев и пред половина година. Тогаш ми беше лесно едно цело и едно апче кршев на два дела а сега ќе мора една таблетка да ја кршам на 8 дела и оди погоди ја точната грамажа. Има ли одговорен за ова ситуација? Претходно „Декортин“ немаше никаде, а сега само од 20 милиграми. Морав да одам за Бугарија и од таму да го земам. Не знам што да кажам. Ова е страшно“, вели Стојанова.
Во струмичките аптеки потврдија дека „Декортинот“ станува дефицитарен веќе подолг период. Цели два месеца немале никакви пратки од овој лек ниту на сметка на Фондот за здравствено осигурување ниту пак да се купи на приватно.
Во моментов го има во мали количини само во пакувања од 20 и 50 милиграми, додека од 5 милиграми и понатаму го нема.
Како што велат, проблемот не е само со аптеките во Струмица туку воопшто во државата. Како што тврдаат проблем се оние пациенти кои мора да користат „Декортин“ во помали дози.
„Декортин“ од 5 милиграми нема. Го имаме само од 20 милиграми, но само на сметката на Фондот. Цената е 90 денари за едно пакување, приватно тој би чинел 610 денари. Најголемиот дел од пациентите што доаѓаат бараат декротин од 5 милиграми, но бидејки го нема во ова доза мораме да ги враќаме и да им укажеме дека има само пакувања од 20 милиграми, за што ни треба препорака или рецепт издаден од доктор специјалист. Дополнително проблем е што некои пациенти користаат уште во помали дози на пример од 2,5 грама. Како може таблетка од 20 милиграма да се крши на 8 дела?”, објаснува аптекарка од Струмица.
Дополнителни трошоци
Недостигот на „Декортин“ од 5 милиграми, покрај тоа што им создава проблеми при дозирањето, пациентите ги изложува и на дополнителни трошоци.
Тие сега мора да издвојат време и пари преку матичните лекари да закажат термин кај специјалист кој ќе мора да даде препорака за 20 милиграми, за тие да можат лекот од 20 милиграми да го добијат преку Фондот за здравство.
Откако ќе ја завршат таа работа, тогаш мора да се вратат во аптеката во која претходно им било кажано дека лек со нивната доза нема.
Контактиравме и аптеки од околните градови на Струмица . Но, и таму сликата идентична, а во дел од нив нема „Декортин“ ниту од 5 ниту пак од 20 милиграми.
Сите објаснуваат дека се уште го чекаат оваа пакување да стаса, но засега абер од дистрибутерите нема.
Откако ќе ја завршат таа работа, тогаш мора да се вратат во аптеката во која претходно им било кажано дека лек со нивната доза нема.

Контактиравме и аптеки од околните градови на Струмица . Но, и таму сликата идентична, а во дел од нив нема „Декортин“ ниту од 5 ниту пак од 20 милиграми.
Сите објаснуваат дека се уште го чекаат оваа пакување да стаса, но засега абер од дистрибутерите нема.
„Декортинот“ не е единствениот проблем за хроничните болни
Матичните лекари од општините во југоисточна Македонија, посочуваат дека „Декортинот“ е прв од редот лекови соодветен за ревматски заболувања, но и за лечење на автоимуни болести.
Но, за хорничните пацинети, „Декортинот“ не е единствениот проблем. Претедателката на здружението на матични лекари д-р Лилија Чолакова Дервишова вели дека има и многу други лекови кои недостасуваат по аптеките во земјава, за што Агенцијата за лекови, МАЛМЕД мора навремено да ја информира јавноста.
Матичните лекари од општините во југоисточна Македонија, посочуваат дека „Декортинот“ е прв од редот лекови соодветен за ревматски заболувања, но и за лечење на автоимуни болести.
Но, за хорничните пацинети, „Декортинот“ не е единствениот проблем. Претедателката на здружението на матични лекари д-р Лилија Чолакова Дервишова вели дека има и многу други лекови кои недостасуваат по аптеките во земјава, за што Агенцијата за лекови, МАЛМЕД мора навремено да ја информира јавноста.
„Порано од МАЛМЕД нѐ информираа кои лекови ги нема во државата кои нема да се увезвуваат, но сега тоа отсуствува и за жал мора пациентите да ги шетаме од едни до други аптеки за да на крај од нив да дознаваме дека го нема. Во моментов го нема ниту лекот „Дигоксин“ кој е кардио тоник и паралелите негови, потоа исто така лекот „Селдиар“. За нив дознаваме од пациентите. „Декортинот“ има широк спектар на дејствување и затоа е неопходен. Слушаме дека некаде го имало во поголемите дози, а за големите дози треба препорака од специјалист што сега е дополнителен проблем за пациентите“ вели д-р Чолакова Дервишова.
До крајот на април ќе има „Декортин“ од 5 мг - дотогаш пациентите нека кршаат таблетки
Од Агенцијата за лекови признаваат дека во првите два месеци од годинава има проблеми со набавката на лекот.
Како што ни изјави раководителката на секторот за информации за лекови и медицински средства Мерјем Хаџихамза, најпроблематичен е „Декортинот“ со пакување од 5 милиграми.
Како што ни изјави, проблемот бил во производителот кој објавил времен прекин на производството од помали дози, но затоа го имало од 20 и 50 милиграми. Од таа причина од оваа институција апелираат пациентите да ги кршат таблетките според грамажата што им е препишана.
„Декортинот“ во нашата земјава е регистриран во три јачини и тоа од 50, 20 и 5 милиграма. За првите две јачини во месец март е одобрен увоз и тој го има во аптеките.
За „Декортин“ од 5 милиграма носителот на одобрението ја има известено Агенцијата за лекови, дека производителот на лекот има преивремен прекин на производството од ова грамажа но се очекува повторно да го има при крајот на следниот месец“, ни изјави Хаџихамза од МАЛМЕД
Согласно законските надлежности Агенцијата за лекови е одговорна за издавање на одобренија за ставање на лекови во промет како и промена, дополнување или обнова на одобрението.
Барање се поднесува за секоја фармацевтска форма, јачина и пакување, а Агенцијата ги издава одобренијата врз основа на предлог на Комисијата за лекови, која е стручно советодавна комисија и одлучува за кој лек да се даде одобрение за ставање во промет.
*Авторот е активист на граѓанската организација Мобилност Струмица