Седум години пошумување ќе го озелени опожарениот простор од големиот пожар во 2021 година 

„Илинденскиот пожар“ како што го нарекуваат кочанчани пожарот кој избувна на 2 август 2021 година кај кочанското село Бели, за неколку часови неповратно однесе со себе децениска шума, изгореа две куќи, а беа опожарени ниви и други имоти.

Година и пол подоцна, Национални шуми го исчисти теренот од изгорената шума и го подготви за пошумување.

Со првите пролетни денови, заедно со граѓаните беа засадени првите дрвца, на кои ќе им требаат децении за да ги заменат изгорените кочански „бели дробови“.

Волонтерите од Доброволното противпожарно друштво од Кочани пошумува заедно со екологистите и Ротари клубот.

Зоран Тодоров, екологист и дел од Ротари клубот, вели дека претходно биле на терен и нивна проценка е дека за пошумување чекаат над 30 хектари опожарени во пожарот.   

„Штетата е неповратна и во тие неколку часа силен пожар изгоре шума, која помагаше граѓаните полесно да дишат. Пожарот зададе двоен удар на здравјето на граѓаните, кои и онака дишат загаден воздух“, изјави Тодоров.

Проценките на екологистите се дека со овој интензитет на пошумување ќе требаат седум години за да се засадат само тие 30 хектари изгорени од пожарот во 2021 година.

posumuvanje1
Извор: ДПД Кочани / Volunteer Fire Department Kocani
339065972_752623193232017_6363140114665670448_n
Извор: ДПД Кочани / Volunteer Fire Department Kocani

За да се забрза целиот процес, екологистите предлагаат формирање на специјализиран општински совет, кој би се занимавал само со текот на пошумувањето.

„Сите заедно, граѓаните, локалните и централните институции, Национални шуми, граѓанските организации да бидат координирани од еден совет, кој ќе дава и насоки како да се надомести загубеното. Вака, секој по своја иницијатива не може многу да направи“, дециден е Тодоров.

За Кочани проблем се и честите пожари што настануваат од палењето на стрништата, активност забранета со закон.

Земјоделците стрништата ги палат со цел да се ослободат од остатоците од 

 слама, поради што граѓанските организации предлагаат да се направи цел систем кој би водел кон производство на биомаса или да се носи во собирни центри. Вака, земјоделците се казнуваат, ги плаќаат тие казни, а мерките засега не дадоа резултат. 

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE