Девет месеци пред завршувањето на проектот, Општина Штип издвои пари за типските куќи за ромските семејства

Со одлука на Седница на Советот, Општина Штип ќе издвои 70.535 евра за кофинансирање, односно сопствено учество во проектот за изградба на типски куќи за 47 бездомни ромски семејства.

Проектот со 799.000 е финансиран од Европската унија, додека вкупната вредност изнесува 895.400 евра за подобрувањето на домувањето и инфраструктурата на ромските семејства во Штип и Берово. И две општини имаат свое учество во проектот.

Одлуката на штипскиот Совет доаѓа на само девет месеци пред завршувањето на тригодишниот проект. Како што веќе пишуваше Локал актив, бавно се одвиваат и активностите на проектот.

Сѐ уште се работи на урбанистичко-проектната документација, додека работата на терен не е започната. Општината треба да изгради 47 типски куќи, потребната инфраструктура – улици и водовод и канализациска мрежа и приклучување кон системот за електрична енергија.

За разлика од Штип, во Берово завршена е легализацијата на 25 домови на ромски семејства, а реконструирани се 11 од предвидените 15 куќи. Домовите на пет семејства добија струја, други седум домаќинства беа приклучени на електричната и водоводната мрежа.

Изграден е уличен крак од 100 метри. Остануваат уште 4 куќи за реновирање, изградба на уште 130 метри од канализационата мрежа, како и внесување на овој дел во Генералниот урбанистички план за Берово.

Рокот за завршување е јануари 2024 година. Од Европската унија изјавија дека доколку не се реализираат предвидените активности, општината ќе треба да ги врати парите. Можно е и да се разгледа продолжување на проектот.

nervno8

Во меѓувреме, бездомните семејства, кои се планирани за новата населба, живеат во крајно тешки услови, сместени во распаднатите згради на Старото нервно одделение и на уште три локации во градот. ЛокалАктив претходно објави сторија на оваа тема.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE