Граѓанските иницијативи се реализираат – сензорни соби во повеќе основни училишта

Повеќе иницијативи предложени од граѓаните, кои покренуваат прашања од нивен интерес завршиле со реализација. Такви иницијативи се и онаа за сензорна соба во ОУ „Тошо Арсов“ во Штип, детско игралиште во ОУ „Никола Карев“ во Кочани и заеднички простор за млади во мултикултурниот центар во Кочани. Сите овие иницијативи произлегле од граѓани кои ги доставиле до Фондацијата за развој на локалната заедница, а тие помогнале во нивна реализација.

„Групи граѓани поднесуваат различни иницијативи и гледаме што од нив можеме да процесирање до локалните или државните власти. Овие иницијативи кои ги споменувате се веќе во фаза на реализација. Дел од нив се со поддршка на локалните власти, дел се со поддршка на бизнисот, голем дел и од самите граѓани, но и од нашата организација“, велат од Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип.

Иницијативата за сензорната соба во ОУ „Тошо Арсов“, која е во тек,  е инцијатива на Александра Андонова,  мајка на дечиња кои се веќе во училиштето Тошо Арсов и иницијатор на создавањето на сензорната соба во ОУ „Тошо Арсов“. „Јас сум мајка на првачиња и на почетокот не мислев дека им треба таква соба. Со текот на времето сфатив дека дечињата имаат потреба од таква соба и дека инклузијата не е баш на завидно ниво. Токму затоа ги разгледав сите можности и кои се можат да помогната“, истакна Александра Андонова.

Фондацијата за развој на локалната заедница е иницијатор и реализатор на повеќе граѓански идеи, насловена како „ЗАЕДНО“ –  иницијатива за развој на локалната заедница. Како Фондација на заедницата, ЗАЕДНО прибира донации и ресурси од локални донатори и истите ги враќа во заедницата, финансирајќи решавање на локални проблеми.ЗАЕДНО ја промовира локалната филантропија, ја мобилизира локалната заедница и заедно ги решаваме локалните проблеми, повикува иницијативата, која е пример дека граѓаните со нивните идеи, преку заеднички притисок и работа можат да вродат со плод.

Вакви граѓански иницијативи има и во Кочани, каде преку поттик и помош од локалните граѓани и бизниси се реновира спортски терен во ОУ „Никола Карев“ во Кочани.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE