Видливи резултати на зедничко работење на граничните региони се очекувањата од новата ИПА програма во Бугарија

Посилен и поврзан граничен регион, кој ќе им одговори на мноштво потреби на граѓаните од малите населени места од двете страни на македонско-бугарската граница.

Ова во една реченица е суштината на новата ИПА програма за прекугранична соработка меѓу двете земји, која беше претставена во Кочани пред претставниците на општините, образовните институции, граѓанските организации, бизнис секторот и други заинтерисирани од Источнииот, Свереоисточниот и Југоисточниот регион. Се работи за третата INTERREG VI-A IPA програма за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија и за прв повик за конкретни идеи кои ќе имаат цел да овозможат развој на атрактивен туристички производ за сите сезони. Со повикот предвидено е идеите да се реализираат до 2027 година.

За прв пат во оваа програма, која е една од најстарите за прекугранична соработка, можност да понудат свои идеи имаат и малите и средните претпријатија од две страни на границата. Меѓутоа, идеите, кои би опфатиле инфраструктурни објекти треба да се реализираат на општинско земјиште со што проектот би бил за општо добро на сите.

„Во овој програмски период не сакаме да поддржуваме проекти што се еднолични, со таканаречен огледало ефект, туку преку партнерска иницијатива да воспоставиме проекти што ќе овозможуваат повеќесекторска соработка, но и подигнување на повисоко ниво на соработката меѓу регионите од двете држави. Меѓу приоритетите за нас ќе биде докомплетирањето и пуштањето во функција на граничниот премин Клепало кај Берово, унапредување на заштитата на животната средина и понатамошно промовирање на туристичките потенцијали во регионот“, изјави Андреа Златковска копретседател на Стратегискиот одбор. 

Европската комисија на крајот на 2022 година одобри над 15,5 милиони евра за развој на прекуграничниот регион.

„Тоа се средства што ќе се инвестираат со три приоритети: посилен прекуграничен регион со финансиска рамка од 5,2 милиони евра, поповрзан прекуграничен регион со 1,3 милиони евра и интегриран развој на прекуграничниот регион за што се наменети над 15,5 милиони евра. Третиот приоритет е замислен да поддржи проекти со фокус на специфичните потреби на регионот, односно активности за развој на целосни, интегрирани и одржливи туристички производи, потоа за зголемување на производствениот капацитет на микро, малите и средните претпријатија и за проширување на нивната активност на нови пазари и производи“, изјави Татјана Јаневска, програмски офицер во Министерството за локална самоуправа. Оваа иницијатива доаѓа веднаш после повикот од 7 јуни за инвестициски проекти со еколошки фокус на пограничните региони.

Интересно е дека програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, која се реализира од 2012 година, според зборовите на Управувачкиот комитет, има висок процент на реализација од над 90% искористеност на средствата. Досега се склучени 170 договори за грантови на проекти од двете страни на границата.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE