Сетилната попреченост во комбинација со возраста е силна причина за дигиталната исклученост на голем број граѓани

Нееднаквоста во пристапот и можностите за користење на современите дигитални технологии исклучува одделни групи од општествените процеси и дополнително ја продлабочува општествената нееднаквост.  Ова беше еден од главните наоди на истражувањето спроведено на почетокот на 2023 година во Источниот и во Југоисточниот регион со 451 лице кое живее со некаков облик на попреченост.

Покрај тоа што дигиталната исклученост на овие групи граѓани директно влијае врз квалитетот на нивниот живот, придонесува и за нивно намалено учество како во јавната сфера така и во општествените процеси односно различните облици на политичката партиципација.  

Наодите од анкетата покажаа дека сетилната попреченост, особено оштетувањето на видот е најголема пречка за користење интернет: најмал процент испитаници кои самостојно одат на интернет се лицата со оштетен вид (31,5%), а тие се и граѓани на кои најчесто им е потребна помош (20,2%) при користењето интернет. Оштетувањето на слухот е во нешто помала мера пречка за користење интернет: 56.1%  од испитаниците со оштетен слух изјавиле дека можат самостојно да користат интернет, а само на 6.1% им е потребна помош од друго лице.

Вештини за работа на компјутер најмногу им недостасуваат на лицата со оштетен вид 77,5%, а потоа на лицата кои живеат со некакво оштетување на слухот (56,1%). 

Вештини за користење паметен телефон им недостасуваат повторно најмногу на луѓето со оштетен вид (58,4%), а нешто помалку на луѓето со оштетен слух (47,5%). Секако, дополнитела причина за отсуството на знаења и вештини за користење на технологиите е и возраста на овие категории испитаници. Вештини за работа на компјутер најмногу им недостасуваат на лицата со оштетен вид 77,5%, а потоа на лицата кои живеат со некакво оштетување на слухот (56,1%).

Лица со сетилна и телесна попреченост кои користат интернет

Вештини за користење паметен телефон им недостасуваат повторно најмногу на луѓето со оштетен вид (58,4%), а нешто помалку на луѓето со оштетен слух (47,5%). Секако, дополнитела причина за отсуството на знаења и вештини за користење на технологиите е и возраста на овие категории испитаници. 

Пристапот до асистивна технологија за користење на современи комуникациски уреди е исто така пречка за овие групи граѓани: дека немаат пристап до асистивна технологија изјавиле 51,2% од лицата со оштетен слух и 46,7% од лицата со оштетен вид. Од оние испитаници кои користат интернет, голем процент изјавиле и дека Веб страниците не се прилагодени за лицата со сетилна попреченост: 62,2% за лицата со оштетен слух и 51,7% за лицата со оштетен вид.

Испитаниците со сетилна попреченост во анкетата се изјаснија и за тоа дали имаат тешкотии да следат телевизија (без титли или аудио опис): 51,2% од испитаниците со оштетен слух рекле дека им е тешко да следат телевизија без титлување на содржините, а 46,7% од испитаниците со оштетен вид дека не можат да следат одделни содржини бидејќи немаат дополнителен аудио опис на дејствието.

Дополнително, дадените законски можности не можат до крај да се искористат, нешто што особено ги засега младите со попреченост. Тоа го потврдија и соговорниците во сторијата на ЛокалАктив за примената на дигиталните технологија. 

Пречки за користење комуникациски уреди и интернет на лицата со сетилна и телесна попреченост

Според нив, во Законот за основното образование има одредба за тоа дека училиштата имаат обврска да обезбедат  аисистивна технологија на оние ученици на кои таа им е потребна во текот на учењето, сепак во праксата тоа не се случува. Кога сами ќе ја набават опремата или софтверот, Фондот за здравство не ги рефундира средства за таков вид технологија.

Дигиталната вклученост на овие категории граѓани беше измерена преку повеќе индикатори, од кои особено се издвојуваат следниве: способност за самостојно користење интернет, поседување вештини за користење паметни технологии (компјутер, паметен телефон, паметен телевизор и др.), пристап до асистивна технологија, прилагоденост на медиумските содржини и веб страниците за да можат да ги користат овие лица и др.

Анкетата беше спроведена од страна на Институтот РЕСИС и 13 граѓански организации од Источниот и Југоисточниот регион кои се членки на онлајн платформата ЛокалАктив.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE