Search
Close this search box.

Распишан тендерот за доизградба на штипскиот булевар „Партизанска“, по две години од барањето на граѓаните

Булеварот „Партизанска“ во Штип во должина од еден километар конечно ќе се изгради, на потегот од Автомото Друштвото (АМД) до населбата Баби. Објавена е тендерската постапка за доизградба на овој булевар, кој има и статус на регионален пат до соседната Општина Карбинци. За реализација на овој капитален проект од буџетот на општината се планирани 2,5 милиони евра. Проектот предвидува ново булеварско решение, со тротоари, осветлување, но и поместување на целата главна и водоводна линија во должина од еден километар.
Овој капитален проект е еден од приоритите од буџетските форуми и ревизијата на реализираните проекти на граѓанските организации „Гласен Текстилец“ и НВО „Инфоцентарот“.

Овој капитален проект е еден од приоритите од буџетските форуми и ревизијата на реализираните проекти на граѓанските организации Гласен Текстилец и НВО Инфоцентарот.

„Булеварот „Партизанска“ е најкритичната точка и една од најлошите слики во нашиот град. Се надевам дека напролет ќе биде веќе видливо работењето на машините, на активностите коишто ќе се превземат за изградба на овој булевар, а ќе значи поголема безбедност во сообраќајот, урбанизирање на потегот меѓу населбите Осми Ноември и Баби“, вели Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Во изминатите две години општинската власт направи два обиди за обезбедување средства за изградба на овој булевар. Едниот обид е преку Јавното претпријатие за државни патишта, а вториот е со издавање на општинската обврзница, но и двата обиди беа неуспешни. Токму поради ова, а во интерес на граѓаните Јорданов вели дека реализацијата на овој капитален проект ќе се решава со пари од општинскиот буџет.

Ова е најнебезбедната сообраќајница и за возилата и за граѓаните, бидејќи во моментов од АМД до новиот кружен тек пешаците одат по пат без тротоарни површини, а нема ниту пак улично осветлување.

На доизградбата на булеварот како приоритет посочија и теренските анкети, кои ги реализираа четири жени анкетарки во рамки на проектот “Граѓанска ревизија 2023”, кој втора година по ред е поддржан од Фондацијата Фридрих Еберт Штифтунг- канцеларија Скопје. За периодот на имплементацијата на проектот, беа изготвени 402 анкети со утврдување на приоритетите и проблемите во реонот. Од анкетата направена со граѓаните, е утврдено дека 98,7% од испитаниците сметаат дека е потребна итна доизградба на овој булевар, за да се осигури поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, како и поголем инфраструктурен развој во тој дел од градот.

Ветувањата на локалната власт се дека овој дел на градот, кој е со најлош изглед, неурбанизиран, преполн  со ѓубре и најнебезбеден, ќе биде урбанизиран до крајот на годината.

В.Д.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE