Search
Close this search box.

Проактивност од инспекциските служби очекуваат граѓанските организации од Делчево

Прецизни одговори од општинските инспектори, дадени во разумен рок, како и поголема интеракција со граѓаните, се очекувањата на граѓанските активисти од Делчево, кои неодамна ја сумираа работата и резултатите од изминатата 2023 година.

На заедничката средба, граѓанските активисти ги разгледаа резултатите од проектот „Инспекторите во служба на граѓаните“, во чии рамки имаше три обуки за граѓаните за начинот на комуникација и адресирање на нивните барања до инспекторите. Исто така, граѓаните се обучија како да поднесуваат жалби и претставки до службите. Меѓутоа, како што заклучија на средбата, неопходна е проактивност и од другата страна, во случајов, Општина Делчево и инспекциските служби.

„Многу е важно да имаме раководител на одделение за инспекциски надзор, да функционира веб страна на локалната самоуправа за пријавување проблеми, инспекторите да постапуваат за 15 дена и одговорите да бидат прецизни. Со тоа на еден начин пораката е сите да бидеме чинители во градењето на демократските процеси во општина Делчево“, изјави Зоран Биковски, граѓански активист од Здружението Жена.

Како резултат на активноста на граѓанските организации, поднесени се 110 претставки до институциите. Во Делчево е активна и канцеларијата за Бесплатна правна помош, која одговара на потребите на граѓаните.

В.К.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE