Search
Close this search box.

Вклучување на штипските деца повратници во образовниот систем

Опис на проблемот

Повторното вклучување во образовниот процес на децата чии родители се повратници во земјава е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат и децата на повратниците Роми од Штип и другите населени места во околината. Најчесто, депортацијата на семејствата од Германија се случува преку ноќ, па тие немаат можност да ги земат свидетелствата или друг доказ за тоа до каде стигнале нивните деца на училиште. Ова е особено голем проблем за децата кои поминале неколку месеци и години во Германија.

За решавање на овој проблем на ниво на целата земја, била формирана интерресорска Работна група која развила протоколи за соработка меѓу институциите на централно и локално ниво, со цел да се подобри процесот на вклучување на децата што се надвор од училиштата. Преку примена на Механизмот за споделување и размена на податоци за идентификација на децата кои се надвор од образовниот систем, општина Штип и училиштата биле задолжени да работат на зголемување на стапката на запишување и задржување на децата во основните училишта.

Меѓутоа, во Штип и околината голем број деца, и тоа не само од ромските семејства, се уште не посетуваат училиште, за што Локал Актив пишуваше во сторијата објавена во декември 2023 година.

Барања

  • Општина Штип и училиштата во оваа општина, во поблиска соработка со централната власт, да преземат мерки и да работат на систематски опфат на сите деца кои од различни причини отсуствуваат од настава вклучувајки ги и децата повратници.
  • Министерство за образование и наука треба да изготви протокол (или ако е изготвен да го имплементира) за соработка со општина Штип и училиштата од ова подрачје, според кој децата повратници во најкус можен рок ќе можат да го продолжат своето образование

ООУ „Гоце Делчев“ - Штип
Застапување за решавање на овој проблем

Во рамки на уредништвото на Локал Актив, граѓанска организација која изработи  план на активности за застапување за да се поттикне решавањето на овој проблем на подрачјето на општина Штип е Здружението на Роми Черења од Штип.  

Реализирани активности
  • Во јануари 2024 година беше упатен официјален допис до раководството на ООУ „Гоце Делчев“  
  • Во февруари 2024 година беше одржан состанок со раководството и педагошката служба на ООУ „Гоце Делчев“, каде учат најголем дел од ромските деца.
  • Во март 2024 година беше одржана средба на релевантните институции од општина Штип.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE