Search
Close this search box.

Ѓубрето во Црник изнесено, но до кога селото ќе остане чисто?

Неколку камиони на комуналното претпријатие од Пехчево цел викенд го чистеа селото Црник. На комуналците им се придружија и тешки возила на приватна компанија, за чија работа, жителите на селото платија од сопствен џеб. Јасна е желбата на жителите да се исфрли сметот што се собираше со месеци, но останува прашањето што понатаму кога ќе се наполнат новите девет контејнери. Имено, само дел од домаќинствата на Црник ги потпишаа понудените договори што ги обврзуваат да плаќаат по 180 денари месечно, за јавното претпријатие редовно, секој понеделник, да го изнесува комуналниот отпад.

За возврат, комуналците поставија нови девет контејнери и со двата претходно, сега во селото има 11 големи садови за собирање отпад. На жителите им е понудено да си купат канти што ќе треба самите да ги платат. Има домаќинства кои одбиваат да платат за канти, а не сакаат ниту да склучат договор и да плаќаат за услугите на комуналното претпртијатие.

Проблемот со натрупаниот отпад во Црник е стар со месеци, па и години. Како што веќе пишуваше Локал Актив, селото беше преплавено со отпад, додека во реката имаше дури и делови од стар мебел и неупотребливи домашни апарати. Дел од жителите одбиваа да платат за услугите на комуналното претпртијатие, кое пак престана да го изнесува ѓубрето.

По повеќе одржани состаноци во селото, во кои посредуваа и граѓански активисти, ставовите полека се приближуваа. Според посредниците, сé уште има нерешени прашања, а реализацијата на договореното во голема мера ќе зависи од исполнувањето на обврските од двете страни – жителите да плаќаат, а комуналците да испорачуваат услуги.

Фотографија од приватна архива

В.К.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE