Search
Close this search box.

„Селска буна во Струмица“ – земјоделци произведуваат храна, а мораат да ја продадат за бадијала

Производителите на домати во понеделникот два часа го блокираа центарот на Струмица поради почетната ниска откупна цена. По два дена блокада на патиштата по населените места земјоделците велат дека никој од државните институции не се заинтересирал да им ги слушне проблемите. Според нив, со откупна цена од 20 и 25 денари не можат да ги покријат ниту основните производствени трошоци, а камоли да заработат.

,,Има ли оваа држава Министерство за земјоделство? Води ли некој грижа за нас? Допрва се очекува да се интензивира бербата на домати и како што е тргнато, производството треба да го предаваме за џабе. Има ли инспекторат да проверат дали се применува законот за неделни откупни цени? Дали се води евиденција што и како се откупува? Нека провери некој од каде им се парите на трговците и откупувачите за да возат џипови, а ние не можеме еден трактор да купиме“, вели Атанас Витанов земјоделец од Пиперево.

Меѓу земјоделците се појави дополнителниот заменик министер за земјоделство и потенцијален министер во новата влада, Цветан Трипуновски. Тој кажа дека на средба со откупувачите ќе се обиде да издејствува повисока откупна цена на доматите.

„Знам дека има простор за зголемување на откупната цена. Ова се случува пет години наназад и овде има една групација која носи едно име и го јаде трудот и маката на земјоделците. Зелена мафија, кванташка мафија, како сакате. Таму има чесни играчи, но орото го водат нечесни и печалат врз маката на земјоделците“, рече Трипуновски.

Протест на земјоделците во Струмица

Трговците кои ги контактиравме велат дека актуелните откупни цени се резултат на понудата и побарувачката на пазарите каде извезуваат. Според нивните сознанија, македонското производство се совпадна со производството од други национални економии како што се албанските и турските, а нивните домати се поконкурентни на странските пазари.

В.Т.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE