Search
Close this search box.

Договорена е повисока откупна цена на доматите во струмичко – протестите ставени во мирување

До понеделник, 3-ти јуни, доматите во Струмичко треба да се откупуваат по цена од 30 до 35 денари за килограм. Вака се договорија откупувачите на средбата со дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски. Ова решение доаѓа после тридневниот протест на струмичките земјоделци на кој тие бараа повисоки откупни цени.

На двочасовните преговори, за условите за окончување на блокадата на струмичките улици, откупувачите присутни на средбата кои се одржаа во Василево, се согласија да ги зголемат цените за околу 20%, што е приближно толку колку што бараа производителите.

„Откупувачите дадоа цврсти гаранции дека до понеделник идната недела, откупната цена на црвениот домат нема да падне под 30 денари, додека розовиот домат нема да биде поевтин од 35 денари. Се договоривме ова да не биде само декларативно кажано – да ги објават цените и да не откупуваат, туку навистина да тече откупот согласно предвидениот план и динамика и да се преземаат [значителни] количини од производителите“ рече Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство.

Трипуновски најави и дека деновиве на терен ќе се интензивираат и контролите од страна на инспекторите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои ќе имаат задача да утврдат дали се почитува договореното. Во исто време тие ќе треба и да оценуваат колку откупувачите се придржуваат до законските норми и правилниците за откуп.

Откупувачите се пожалија дека македонските домати стануваат сѐ помалку конкурентни на странските пазари. Во регионалните пазари доминира производството од Албанија. Токму албанските домати, чија берба привршува и се со послаб квалитет, ги уриваат цените на пазарите во земјите од поранешна Југославија.

Цветан Трипуновски на средба со струмичките земјоделци

Орце Петров, откупувач од Просениково, кажа дека албанските домати имаат пониска цена на пазарите во Србија, Босна, Косово, Бугарија и Хрватска.

„Во Албанија се последните берби од пролетната реколта и нормално е да ги спуштаат цените, додека кај нас штотуку почнува берабата. Имаме далеку подобар квалитет, но, сепак цената е пресудна. Веруваме дека со секнувањето на бербата во Албанија, ќе се зголеми интересот за македонските домати. За жал, тешко излегуваме на пазарите на ЕУ“, рече Орце Петров, откупувач на земјоделски производи.

Три дена раноградинарите од струмичко протестираа и блокираа патни правци во знак на револт поради ниската откупна цена. Забележуваа дека наишле на незаинтересираност од Владата и државните институции, кои, како што тврдеа, немаат разбирање за нивната мака.

В.Т.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE