Search
Close this search box.

Меурест козинец – ендемско растение кое Богданци мора да го заштити

Во околината на општина Богданци вирее растението Меурест козинец – ботаничарите го познаваат и како „Astragalus physocalyx“. Станува збор за ендемично растение кое се наоѓа на листата на строго заштитени диви видови растенија во Македонија како и на Глобалната црвена листа на Меѓународната унија за заштита на природата. Ова е ретко растение  кое може во земјава да се најде само на територијата на Општина Богданци.

Мурал во Богданци

Претставници на локалната граѓанска организација Полимат 13 од Богданци, тврдат дека локалните институции треба да направат повеќе за заштита на ова растение и дека е потребна одлучна акција за едукација на населението: „Од 2015 година работиме на подигнување на капацитетите на нашето здружение за заштита и мониторинг на ова ретко растение, како и на зголемување на капацитетите на локалните чинители за значењето и можностите за одржливо управување со Значајното растително подрачје „Богданци“. За да ја подигнеме свеста минатата година организиравме Ден на Астрагалусот со децата и младите ја славиме нашата природна реткост растението Меурест козинец и потребата тој да биде заштитен“, вели  Надица Маџирова, претставник на здружението.

Според Министерството за животна средина кое води регистар на заштитени растенија, површините со ова ендемично растение во атарот на Богданци се намалуваат. Како причини се наведуваат изградбата на ветерниците, но и честите пожари што се случуваат на локалитетот „Чурчулум“ за што се бара прогласување на локацијата со Астралагусот како споменик на природата.

„Овој вид е дел од Листа 1 – строго заштитени диви видови растенија во Република Македонија. На националните власти или локалната самоуправа треба да им се предложи да иницираат предлог за прогласување на оваа локација како споменик на природата или да се прогласи видот Astragalus physocalyx за природна реткост, стои на страната на Министерството за животна средина.

Меурест козинец кој може да се најде сомо во Богданци

Следнава сабота на 1 јуни во Богданци ќе се организира Ден на Астралагусот на кој млади од ова општина како и од соседните Гевгелија, Дојран и Валандово ќе цртаат, ќе организираат  модна ревија со модели инспирирани од растението, а ќе има и едукативни квизови за дивите растенија. Целиот настан ќе се одвива во градскиот парк Богданци и ќе има цел да ги афирмира природните реткости.

Инаку пред три години во центарот на Богданци беше изработен мурал посветен на локалниот ендемит меурест козинец, а во соработка со Македоснкото еколошко друштво беше означена и една кратка пешачка патека на места каде има единки од козинецот.

В.Т.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE