Search
Close this search box.

Струмички волонтери во хумана мисија за помош на ранливи граѓани во нивната општина

Дваесетина волонтери од Црвениот крст во Струмица, помогнаа семејство во ризик да добие обновена куќа и подобри услови за живот.

Ова е само еден од проектите, преку кои пет групи волонтери од оваа општина во југоисточниот регион на Македонија, им помогнаа на најранливите групи граѓани. 

„Покажуваме дека и младите, иако се деца на возраст од 13 до 17 години имаат многу голема можност да направат некоја голема промена или разлика во општеството и заедницата во која живеат. Со тоа докажуваме дека и ние знаеме и можеме да биде пример“,  вели Андреа Јовановска, претставник на организацијата Промоција на хумани вредности (ПХВ).

Една од програмите на Црвениот Крст подразбира регрутирање на млади волонтери кои ќе бидат мотивирани да работат на социјалните програми. Активности во таа насока во општината се спроведуваат веќе 20 години.

„Главно се привлекуваат деца од 13 до 17 години кои секоја година изработуваат од 130 до 150 мали проекти преку кои во државата се обучуваат 1200 младинци“, вели Јовановска.

Младите волонтери од Црвениот крст во Струмица преку песна испеана на македонски и турски јазик порачаа дека хуманоста и уметноста не познаваат граници туку претставуваат најдобар начин за поврзување на сите луѓе, без разлика во кој дел на светот живеат. Песната за која беше снимен и спот е дел од серијата мали проекти што ги реализираа со цел да  ги поттикнуваат хуманите вредности во заедницата. 

З.Ѓ.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE