Search
Close this search box.

В’затвор се самоуби убиецот на 46 годишната Танкица Младеновска   

Усеин Рашидов, кој според судот во Кочани, минатата година со 40 бодежи со нож уби 46 годишна жена, утрово е пронајден мртов во неговата затворска ќелија. Се верува дека се работи за самоубиство.  

Директорот на затворот во кумановското село К’шање, Ненад Цветковиќ, изјави дека телото е дадено на обдукција и дека за настанот утрово биле известени и Јавното обвинителство и надлежниот суд. 

60-годишниот Рашидов, беше првостепено осуден на доживотен затвор, но очекуваше одлука на Апелацискиот суд од Штип, откако претходно ја обжалил пресудата. Во текот на судењето,  Рашидов ја признал вината. Во пресудата на Основниот суд – Кочани беше посочено дека убиството е извршено при родово базирано насилство и дека се работи за убиство на свиреп начин.

Убиството на 46 годишната Танкица Младеновска се случи на 25 септември 2023 година, пред нејзиниот дом во Кочани. Истрагата упатувала на тоа дека Рашидов претходниве години изнудувал пари од убиената жена. Уцените кон Младеновска траеле седум години, а нејзината пријава не била сфатена сериозно од полицијата.

За овој случај реагираа од Едукативно-хуманитарната организација ЕХО од Штип и побараа подобра проценка на ризикот од фемицид.

 ЛокалАктив, го следи случајот од септември минатата година и бара од властите сериозен пристап кон родово базираното насилство во локалните средини.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE