Search
Close this search box.

Пролетниот град во гевгелиско, направи штета проценета на 29 милиони денари

За разлика од општината Делчево, која и една година после поплавите го нема изготвено елаборатот со проценка на штетите, во општина Гевгелија три месеци после поројниот дожд и град од 12 март, документот е готов и доставен до Советот за усвојување.

Овој елаборат ги опфаќа процените за штетите во Гевгелија, Мрзенци, Негорци, Милетково и Богородица и во него се опфатени 55 пријави од кои 49 пријави од граѓани и граѓани и шест пријави од правни лица. Погодени од невремето се земјоделските посеви и култури. Општината комисија проценила дека штетата изнесува 29 милиони денари.

Комисијата утврдила штети на посевите меѓу 20-100%, во зависност од тоа со колкав интензитет површините биле зафатени од врнежи од град. При процената, Општинската комисија се водела, како што се вели во текстот, од „цените кои ги следи статистиката, проценителите на осигурителните компании, цените на претпријатијата, откупните цени на подрачјето, продажните и откупните цени од последните четири години, изразени во денари по килограм како и цената и количина на набавен материјал“.

Пролетен град во Гевгелија

Општинската комисија препорачува и две мерки. „Првата мерка е преку соодветните стручни служби да се анимираат индивидуалните земјоделци да си ги осигуруваат сопствените земјоделски култури, односно да го искористат правото на субвенционирање за осигурување на своите земјоделски култури. Втората мерка која ја предлагаме до Советот на Општина Гевгелија во контакт со соодветните државни органи е вниманието да го насочи кон повторното воспоставување на градобијниот заштитен систем“, се вели во елаборатот.

Елаборатот со проценка на штетите ќе се најде на следната седница на Советот на Општина Гевгелија, по што ќе биде доставен на понатамошно разгледување и одлука до Државната комисија за проценка на штети од природни непогоди при Министерството за Финансии и до Владата.

На 12 март годинава, гевгелискиот регион беше зафатен од силно невреме проследено со дожд и град. Граѓаните сведочеа на град со големина на орев, кој ги покоси овошките, посевите и зеленчукот по нивите, додека улиците беа целосно побелени.

Во државата не функционира градобијниот систем, а како одбрана од град од 2020 година се користеше методот на засејување на облаците. Меѓутоа, како што соопшти УХМР, и овој систем повеќе не функционира поради проблемот со набавка на реагенси од Украина, која е во војна. Поради тоа, како што пишува Денар, само во првите три месеци од 2023 година, државата исплатила 4,5 милиони денари за направените штети.

В.К.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE