Обновен автобускиот превоз до Скопје за жителите од Делчево и Македонска Каменица, ќе биде ли на долг рок или кратка авантура?

Автори: Зоран Биковски* и Тони Ајтовски **

По повеќе од седум години обновена е автобуската линија од Делчево и Македонска Каменица кон Скопје и обратно. Од средината на април годинава превозникот Андон Компани од Пехчево почна еднаш дневно, од понеделник до петок, да вози на релацијата за која жителите од Пијанец долго чекаа.

Патувањето до главниот град сега ќе биде поевтино за патниците, во споредба со високите трошоци за такси превоз, бидејќи билетот во еден правец чини 550, а повратниот 900 денари.

„Тргнувањето е во 5:40 часот наутро од Делчево, а дваесетина минути по пристигнувањето, автобусот ги зема и патниците од Македонска Каменица, па директно, без попатно застанување продолжува до Скопје. Пристигнувањето на автобуската станица во главниот град е околу 8:15, а враќањето назад е во 17:15 часот. Очекуваме интерес меѓу граѓаните, за да биде економски исплатливо, и за нас и за нив. Веќе имаме искуство со патниците од Берово и Пехчево, каде се продаваат доволно билети за да биде оправдано одржувањето на линијата,“ изјави Игор Поповски, директор на Андон Компани.

Автобус на превозникот „Андон Компани“

Тоа е добрата вест за жителите на двете општини – Делчево и Македонска Каменица, кои беа без функционален јавен превоз. Сепак, во добрата вест има едно „но“. „Ако по месец-два се покаже дека од Делчево има малку патници, постои можност да прекинеме,“ додаде Поповски, од превозната компанија.

Поповски се жали на нелојална конкуренција за автобускиот превоз. Често, возачите на приватни автомобили кои ако патуваат сами, преку социјалните мрежи бараат сопатници за да го поделат трошокот. Со тоа патниците се ставаат во ризик, затоа што не знаат со кого ќе се возат, а немаат ни сознанија за техничката исправност на возилото. Регуларните автобуски линии ги заменија нелегалните такси превозници организирани преку активни Фејсбук групи преку кои се бара и нуди превоз до Штип, Скопје од Делчево и обратно.

Автобуски линии има на хартија, но автобусите ги нема

Делчевчани веќе имаат искуство со почеток на линија за автобуски превоз, за по кратко време да разберат дека „автобусот за Скопје повеќе не вози“. Ќе се одржи ли оваа нова линија или ќе заврши како и досегашните – по месец – два? 

За да се разбере песимизмот кај граѓаните, треба да се спомене дека обиди за обновување на реалацијата од Делчево кон главниот град имаше и досега. Но, сите траеја кратко и завршуваа без најава и објаснување. Освен економската оправданост, административните и законски процедури се една од причините поради која замрел автобускиот превоз во помалите општини на Истокот. Во мај 2024 година, Министерство за транспорт и врски објави повик за одобрување возен ред за автобуски линии во меѓуопштинскиот превоз на патници. Аплицирањето се одвиваше по електронски пат, а според законските одредби почетна и крајна станица во возниот ред за меѓуопштински линии можат да бидат само места во кои има категоризирани автобуски станици и тоа најмалку од трета категорија. Во Делчево и Македонска Каменица тие услови не се исполнети, па автопревозниците не можат да аплицираат на повикот.

По завршувањето на рокот за аплицирање, според податоците од веб страницата на министерството, што сѐ уште може да се прочитаат, релацијата Делчево – Скопје ја добиле автопревозниците Струмица Транс со три линии и Андон Компани со една линија.

„Ако по месец-два се покаже дека од Делчево има малку патници, постои можност да прекинеме,“ додаде Поповски, од превозната компанија.
Поповски се жали на нелојална конкуренција за автобускиот превоз. Често, возачите на приватни автомобили кои ако патуваат сами, преку социјалните мрежи бараат сопатници за да го поделат трошокот. Со тоа патниците се ставаат во ризик, затоа што не знаат со кого ќе се возат, а немаат ни сознанија за техничката исправност на возилото. Регуларните автобуски линии ги заменија нелегалните такси превозници организирани преку активни Фејсбук групи преку кои се бара и нуди превоз до Штип, Скопје од Делчево и обратно.

Автобус на Струмица Транс неколку дена по ред доаѓаше во 15:30 часот на поранешната автобуска станица во Делчево, но тој термин за тргнување кон Скопје вооопшто не беше логичен, па набргу заврши и таа авантура. Краткото објаснување што го добивме од компанијата е дека линијата не била исплатлива.

Со тоа, кога ќе се погледне во системот на превозници на патници, автобуските линии ги има, на хартија. Некој лицитирал, ги добил, но автобуси нема. Тоа е пречка за компаниите кои сакаат да организираат јавен превоз.

„Автобуските линии на хартија ги има, но во реалност не се реализираат. И да поднесеме апликација за некоја атрактивна линија, системот ќе нѐ одбие затоа што друг превозник претходно ја добил, иако не ја вози. Практично, автобусот воопшто не сообраќа, а на документ го има. Очигледно, така е направено заради бизнис, за да се овозможи линиите да се преземаат, односно да се препродаваат, без разлика дали се работи за меѓународни или домашни релации,“ додава Поповски.

Меѓуградскиот превоз на патници е во надлежност на Министерство за транспорт и врски. Законот за превоз на патници во член 24-а го регулира одобрувањето на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии, кое го врши министерството по барање на заинтересираните превозници.

„За одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии, Министерството за транспорт и врски секоја година објавува оглас на својата интернет страница и во дневниот печат. Огласот од ставот 2 на овој член се објавува еднаш во текот на годината и тоа на 1 октомври во тековната година. Постапката за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии се врши по електронски пат. Право да учествуваат на огласот имаат сите превозници кои имаат лиценца за меѓуопштински превоз на патници,“ пишува во законот.

Електронската распределба на линиите за автобуски превоз Министерството ја организираше на 21 ноември 2024 година. Според оваа одобрена листа, ниту една компанија не покажала интерес за превоз на патници од Делчево.

На поранешната автобуска станица во Делчево наместо автобуси, возачи на приватни автомобили ги чекаат патниците за Скопје

Круме Ромовски, управител на фирмата Рома Транс од Делчево објаснува дека системот е таков што без регистрирана автобуска станица, каков што е случајот со Делчево, воопшто не ни може да се влезе во наддавањето.

Компанијата „Рома Транс“ - Делчево има доволно автобуси за меѓуопштински превоз

„За линијата до Скопје се обидов електронски да аплицирам на повикот на Министерство за транспорт и врски, но неуспешно. Компјутерскиот софтвер не ми дозволи бидејќи не може да се пријави транспортна фирма регистрирана во општина којашто нема категоризирана автобуска станица,“ вели Ромовски.

Затоа, Ромoвски понудил друго решение.

„Повеќе од три години безуспешно барам да ми дадат парцела со градежна маркица за да направам автобуска станица во Делчево. Се сведува на ветување за промена на урбанистички план, но прашање е кога ќе биде. Надеж даде ветувањето за измени во Законот за сообраќај, дека ќе нема да има потреба од категоризирана автобуска станица, туку да има постојка, а превозникот да поседува лиценца за јавен превоз. Моја замисла е да има вработен шалтерски работник со можност да се закажува за превоз за следниот ден, за да се планира дали да оди автобус или минибус,“ објаснува Круме Ромевски.

Лажни ветувања, популизам или бизнис интереси

Претходната сторија на Локал Актив му даде тежина на проблемот и го изнесе на виделина. Во предизборниот период минатата година, во рамки на Комисија за сообраќај во македонското Собрание, пратничка од Делчево проговори за проблемот со јавниот превоз и потребата од законски измени.

„Берово го има надминато предизвикот со автобускиот превоз до Скопје и назад. Функционални се три линии, имаше и четврта од Струмица Експрес, но таа веќе не сообраќа. Голем број од жителите патуваат и со свои автомобили, а има и таксисти. Овие автобуски линии кои ги имаме се повеќе од доволни, а можна е и меѓуопштинска соработка со тргнување од Берово, преку Делчево,“ истакнува градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

„Потребна е измена во Законот за превоз во патниот сообраќај која ќе овозможи регистрираните автопревозници да аплицираат за линија без оглед дали општината располага со категоризирана автобуска станица. Како второ, да се овозможи превоз на патници ако има автобуска постојка, со што ќе се отстрани главниот услов за категоризирана автобуска станица што не им дава можност на автопревозниците од Делчево да се пријават на повикот од Министерството за транспорт и врски,“ рече Соња Михаиловска, пратеничка на СДСМ од Делчево (07.02.2024 година).

Изборите поминаа, измените на Законот за превоз во патниот сообраќај не дојдоа на ред на собраниска седница и во новиот состав и на крај ништо од ветувањата. 

Останува дилемата зошто се чекаше седум години за да се проговори за проблемот и дали сето тоа беше евтин трик и оправдување дека нешто се прави во име на народот.

Долгорочно решение: Меѓуопштинска соработка или законски измени

На огласот за одобрување возни редови за нови автобуски линии и за промена на одобрени автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници, кој што минатата година го објави Министерство за транспорт и врски, меѓу другото е наведено дека превозниците кои сакаат да конкурираат треба да ги имаат предвид и одобрените возни редови со спогодба меѓу две општини.

Токму овде е едно од можните решенија за проблемот со автобускиот превоз од Пијанец. Во соработка со соседната општина Берово, на пример, каде што има категоризирана автобуска станица, може да се обезбеди линија што ќе поминува низ Делчево и Македонска Каменица.

„Берово го има надминато предизвикот со автобускиот превоз до Скопје и назад. Функционални се три линии, имаше и четврта од Струмица Експрес, но таа веќе не сообраќа. Голем број од жителите патуваат и со свои автомобили, а има и таксисти. Овие автобуски линии кои ги имаме се повеќе од доволни, а можна е и меѓуопштинска соработка со тргнување од Берово, преку Делчево,“ истакнува градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

Сепак, за навистина да се реши проблемот со меѓуопштинскиот  јавен превоз на патници, не само од Делчево, туку и од други општини кои се во слична ситуација, неопходна е соодветно институционално дејствување. Нашите соговрници од превозните компании велат дека треба да се реагира со одземање на линијата ако автопревозникот не ја користи повеќе од 15 дена континуирано и преку вонреден повик за нов возен ред по скратена постапка, како и да им се овозможи на лиценцирани автопревозници да аплицираат и за стари линии од места кои немаат категоризирана автобуска станица.

„Повеќе од три години безуспешно барам да ми дадат парцела со градежна маркица за да направам автобуска станица во Делчево. Се сведува на ветување за промена на урбанистички план, но прашање е кога ќе биде. Надеж даде ветувањето за измени во Законот за сообраќај, дека ќе нема да има потреба од категоризирана автобуска станица, туку да има постојка, а превозникот да поседува лиценца за јавен превоз. Моја замисла е да има вработен шалтерски работник со можност да се закажува за превоз за следниот ден, за да се планира дали да оди автобус или минибус,“ објаснува Круме Ромевски.

Државните институции не смеат да ги затвораат очите пред проблемите на граѓаните, особено за ранливите категории како што се пензионерите, корисниците на социјална помош, студентите, учениците и другите за кои јавниот превоз е најевтина можност да стигнат до здравствена, социјална, образовна установа или за да остварат друг вид потреба во главниот град.

* Зоран Биковски е граѓански активист во Организација Жена Делчево.

** Тони Ајтовски е новинар.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE