Враќање на пензионерите во погоните е решението за работодавачите на недостигот на работници

Бројот на работници во текстилниот сектор е во постојан пад, и ако пред десетина годни во секторот работеа 65.000 работници, сега тој број е околу 25.000. Претставници на Организацијата на работодавачи сметаат дека за да опстојат текстилните конфекции, приоритет e да се овозможат измени на Законот за работно ангажирање.

Ангел Димитров, претседател на оваа организација за Локал Актив вели дека на проблемот со недостиг на работници мора да се одговори со подобрување, со што, како што вели, пензионерите нема да имаат ограничување од максимум 180 работни денови во годината.

Марјан Ристески, заменик-министерот за економија и труд

„Ние предлагаме за пензионерите кога ќе работат да нема годишно ограничување. Ако пензионерот, сака да работи може да работи на 4 или 8 часа и тоа е во ред. Но, зошто да му се ограничува времето? Зошто да му се ограничи работата на три месеци, а тој сака и понатаму да работи. Со тоа повторно ќе го тераме да работи во сива економија, на црно. Како и сега што работат сите пензионери на црно“, рече Димитров, од Организацијата на работодавачи.

Според неговата проценка во следниов период се очекува бројката на работници во секторот да падне за уште 5.000. Според него, бројот на вработени се намалува не само поради тоа што странските партнери се селат во Бангладеш, туку и поради фактот што младите не сакаат да работат во конфекциите.

Овој проблем за текстилната индустрија сѐ уште чека на разгледување пред Економско – социјалниот совет (ЕСС). Димитров посочува дека извесен период немаат седници на ЕСС. Утврден е деловникот, но не и планот за работа. Причината за тоа што не се закажуваат седници е процесот на утврдување на репрезентативноста на синдикатите.

Ова го потврди и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Откако ќе се утврди репрезентативноста, ќе се знае и комлетиот состав на ЕСС. Заменик-министерот Ристески посочи дека во овој дел од летото е користат годишни одмори, а од 1 јули во рамките на Економско-социјалниот совет ќе почне да работи Комисијата за утврдување на репрезентативност на синдикатите.

В.Д.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE