Во Турново поставена скулптура на војводата Мануш Турновски, изработена од Пијанманов

Деновиве во паркот што се гради во населеното место Турново е поставена спомен скулптура на постилинденскиот револуционер Мануш Георѓиев Турновски – еден од најпознатите војводи од струмичкиот регион. Станува збор за скулптура што ја изработи уметникот Никола Пијанманов од Струмица, а поставена е на карпа како симбол на македонскиот непокор и борбата за слобода, посебно од младите војводи како што бил Мануш, кој во својот лик го носи втиснато лицето на учителот Гоце Делчев.

„Скулптурата е со димензии 150 см и основа 90 см. Поставена е на карпа, како симбол на камен темелникот кој го поставиле овие млади луѓе за слободата. Ликот на револуционерот е свртен кон висините, а со силно изразените експресивни дланки се покажува чинот на непокорливост, на пркос. На плочата под скулптурата во железо е изгравирана песната со која народот го опеала својот заштитник, Мануш војвода“, изјави уметникот Никола Пијанманов

Поставувањето на скулптурата во родното село на Мануш Турновски е во организација на Општина Босилово со помош и донации на жители од Турново кои што живеат надвор од нашава земја.

Мануш Турновски загинал во 1908 година, на 28 години, во непосредна близина на Петрич, каде бил затекнат од отоманската војска.  За него се отпеани повеќе песни.

В. Т.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE