Три пратки на компресивна облека и 4,6 милиони денари донации од Support Kocani за повредените од „Пулс“

Хумани граѓани, компании и организации од земјата и дијаспората донирале вкупно 4.594.345 денари на наменската сметка што ја отвори граѓанската иницијатива Support Kocani за повредените од дискотеката Пулс. Во соопштение организацијата информира дека еден од најважните сегменти на помошта на повредените, е набавката на специјализирана компресивна облека. Оваа облека, пред сѐ ракавици, е нужен дел од процесот на заздравувањето и лекувањето. До сега, во три пратки се обезбедени вкупно 368 парчиња компресивна облека, кои веќе се испорачани и предадени на Општата болница во Кочани за користење од страна на преживеаните лица.

„Значаен дел од парите се насочени кон директна поддршка на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, како и кон лицата кои сѐ уште се хоспитализирани таму. Досега се донирани 100 комплети T-LAB PRP KIT и 10 комплети Exomine SMART KIT, со вкупен износ од 267.000 денари, 4 пакувања протеини и 4 пакувања аминокиселини, со вкупен износ од 19.120 денари и сет креми за подобрување на еластичноста на кожата, со вкупен износ од 53.428 денари Овие материјали се наменети за третман на рани, регенерација на кожата и подобрување на процесот на рехабилитација, со цел полесно и побрзо опоравување на засегнатите лица“, инфомираат од Support Kocani.

Што се однесува до собирањето на парични средства, на наменската сметка се донирани 4.594.345 денари, кои според иницијативата, „се доказ за солидарност, заедништво и човечка хуманост“.

„Благодарни сме на секој поединец и секоја компанија кои веруваа во оваа иницијатива и помогнаа од срце. Нашата работа не застанува тука – продолжуваме да бидеме тука за засегнатите лица и нивните семејства, сè додека постои потреба“, соопштуваат од Support Kocani.

Р. Л.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE