Театарскиот фестивал за деца и млади “Малиот Принц” по 13-ти пат во Штип

Театарски претстави за деца и млади, како и работилници за раскажување на бајки се дел од 13-тото издание на Театарскиот фестивал за деца и млади Малиот Принц, што се одржува во Штип.

Фестивалот беше отворен во средата, на 10 септември, со четири претстави и музички концерт на групата 5+ Фамилија, која изведува детски песни, а продолжи со гостувањето на МНТ со претставата Жива досада и на Театар за деца и младинци од Скопје со Роња, ќерката на ограбувачот.

До крајот на фестивалската програма ќе гостуваат и НУ Народен театар – Битола и НУЦК Антон Панов – Струмица.

„Како и претходните години, и оваа година се потрудивме да ги имаме на програмата најдобрите детски претстави од Македонија. Оваа година ќе имаме и работилници, на кои ќе може да учествуваат и дечињата“, вели Пеце Ристески, директор на НУЦК Ацо Шопов, организатор на фестивалот.

Целта на фестивалот е да им се помогне на децата да стекнат добри навики преку тетарот како алатка.

Како што најавија организаторите, „фестивалот е во чест на уметноста за најмладата публика, а оваа година носи богата програма со многу радост, креативност и волшепство“.

Годинава драматургинката Билјана Крајчевска од Народниот театар–Битола е поканета да ги води фестивалските работилници.

„Во соработка со училиштата во Штип, ќе бидат одбрани деца кои заедно со Крајчевска ќе работат на осовременување на класичните детски приказни. Тие ќе научат како една класична приказна да ја преработат, да направат модерна, современа верзија од неа“, изјави Никола Ристов, режисер во Народниот театар–Штип.

Фестивалот Малиот Принц завршува во понеделник, 15 септември.

Р. Л.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE