Медиумската платформа на заедницата #LocalActive е потребна и за ГО од Југоисточниот регион

На 30-ти септември Институтот РЕСИС и  Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип одржаа состанок со граѓански организации кои ги застапуваат правата на ранливите категории граѓани од Југоисточниот регион, по повод формирање на новата медиумска платформа на заедницата #LocalActive, дел од проектот LocalActiveMedia.

На состанокот учествуваа претставници од пет активни локални организации од Југоисточниот дел кои покажаа интерес и поддршка за имплементирање на проектот LocalActiveMedia и укажаа на потребата од воведување на платформа која ќе служи како медиум на заедницата, како #LocalActive. Претставниците на организациите кои присуствуваа покажаа интерес за нивна активна вклученост при спроведувањето на Мапирањето на ранливите категории граѓани во Источниот и Југоисточниот регион, со што ќе се заврши првата фаза од проектот LocalActiveMedia и ќе служи како подлога за темелно истражување со кое ќе се проценат потребите и комуникациските навики на групите во локалната заедница.

Меѓу организациите кои присуствуваа беа претставници од: Регионален Центар за одржлив развој (РОЦР) од Гевгелија, Среќни Лица од Јосифово, Поддршка од Гевгелија, Организација на жени од Струмица и Женска Акција од Радовиш. На состанокот беа изразени проблемите со кои се соочуваат граѓанските организации со пристапот до јавната сфера, односно незаинтересираноста на медиумите да покриваат стории и вести кои се поврзани со граѓанскиот сектор. Граѓанските организации кои ги застапуваат правата на ранливите категории честопати не добиваат никаква експонираност во локалните медиуми, затоа најчестo се користат социјалните мрежи како платформи за споделување информации до нивните конституенти. Овозможување на ваков тип на платформа на заедницата која пред се ќе има намена да ги унапреди комуникациските права на ранливите категории граѓани, но и да служи на граѓанските организации поефективно да се приближат до пошироката јавност е од огромна важност, особено во овие два региони во земјата.

#LocalActive како медиум на заедницата има ќе претставува отворена платформа која ќе ја користат граѓанските организации од Источниот и Југоисточниот регион, за која ќе се креираат содржини од интерес за локалните заедници и групи со цел да се влијае врз остварувањето на комуникациските права на ранливите категории граѓани. LocalActiveMedia го спроведуваат Институтот РЕСИС и Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип и е поддржан од непрофитната фондација National Endowment for Democracy (NED).

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE