На 15-ти Септември Институтот РЕСИС и Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип одржаа состанок со граѓанските организации од Источниот регион, дел од Мрежата од совети на публики, по повод формирање на новата медиумска платформа на заедницата #LocalActive, дел од проектот LocalActiveMedia.
На состанокот кој се одржа во просториите на Млади Хаб во Штип, присуствуваа претставници од 13 локални граѓански организации од Источниот регион кои ги застапуваат правата на ранливите категории граѓани, меѓу кои: Здружение на слепи лица – Штип, Здружение на лица со телесен инвалидитет – Мобилност, Едукативно-хуманитарна организација ЕХО, Надеж – Штип, Порака – Штип, Медиа Плус, ИНИ Виница, Ромска асоцијација за еднакви права – РОТА, Здружение на мултиетничко општество за човекови права, НВО Кхам, Черења – Штип, Светла Иднина, Бравура Кооператива.
На состанокот се разви дискусија за потребата од медиум на заедницата кој примарно ќе функционира како медиумски канал за подобрување на комуникациските потреби и застапување на правата на ранливите категории граѓани во Источниот и Југоисточниот регион, но исто така ќе претставува и платформа која граѓанските организации од овој регион ќе ја користат за создавање на нови канали за комуникација со своите конституенти и со општата јавност која ќе се запознава со работата на граѓанскиот сектор.

Претставниците од граѓанските организации истакнаа дека на граѓанските организации честопати им е оневозможен пристап до постоечките медиуми, но и дека содржината која стигнува до медиумите честопати е невистинита поради нивната цел да добијат поголема видливост со сензационалистички вести и содржини. Забелешки беа дадени и за малиот медиумски простор кој постои во двата региони и потребата од креирање на отворена медиумска платформа на заедницата како #LocalActive со цел да се промовираат активностите на граѓанските организации на платформа која ќе работи во функција на застапување пред сè на правата на ранливите категории граѓани. Исто така беше нагласена потребата од координирање и вмрежување на граѓанските организации од овие два региони со цел поефективно и зголемено влијание врз креирањето на политики во локалните заедници.
#LocalActive како медиум на заедницата има ќе претставува отворена платформа која ќе ја користат граѓанските организации од Источниот и Југоисточниот регион, за која ќе се креираат содржини од интерес за локалните заедници и групи со цел да се влијае врз остварувањето на комуникациските права на ранливите категории граѓани. Во рамки на проектот LocalActiveMedia во оваа фаза се спроведува и Мапирање на ранливите категории граѓани во Источниот и Југоисточниот регион кое ќе служи како подлога за темелно истражување со кое ќе се проценат потребите и комуникациските навики на групите во локалната заедница.
Проектот LocalActiveMedia со спроведуваат Институтот РЕСИС и Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип и е поддржан од непрофитната фондација National Endowment for Democracy (NED).