Search
Close this search box.

РЕСИС и ФРЛЗ – Штип започнаа со првата фаза за основање на платформата #LocalActive

Институтот РЕСИС заедно со Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип ја продолжуваат соработката остварена во рамки на формирањето на Мрежата од совети на публики (МСП) со новиот проект за креирање на платформата #LocalActive, дел од проектот LocalActiveMedia.

Водени од идејата за отворање и проширување на дискурзивните простори во јавната сфера за локалните заедници и групи, проектот LocalActiveMedia ќе развие специфична форма на Медиум на Заедницата, што ќе го користат локалните граѓански организации и нивните конституенти во Источниот и Југоисточниот регион на Северна Македонија. Платформата #LocalActive ќе биде отворена за заедничко креирање содржини од интерес за локалните заедници и групи, со примарна цел да влијае врз остварувањето на комуникациските права на ранливите категории граѓани.

Комуникациските права се специфичен комплекс на човекови права, кој се однесува на еднаквоста на пристапот и шансите за комуникација во јавната сфера. Проектот LocalActiveMedia произлегува од идејата дека непрофитните медиуми во локалните заедници се клучни за исполнување на комуникациските права на овие заедници, особено на ранливите категории граѓани. Платформата #LocalActive ќе функционира како комуникациски канал за сите граѓански организации кои работат со локалните заедници и ранливите групи во Источниот и Југоисточниот регион на Северна Македонија.

РЕСИС и ФРЛЗ – Штип веќе започнаа со спроведување на првата фаза од поставувањето на темелите на функционална платформа која ќе служи на граѓаните од овие два региони со Мапирање на ранливите категории граѓани во Источниот и Југоисточниот регион на кои не им е оневозможен еднаков пристап до комуникација во јавната сфера од различни причини. Ова Мапирање понатаму ќе служи како подлога за темелно истражување со кое ќе се проценат потребите и комуникациските навики на групите во локалната заедница, што пак ќе служи за развивање на Програмскиот концепт за новата медиумска платформа на заедницата #LocalActive.

Ова е прв проект од ваков вид во државата кој ќе ги тестира можностите за координирана акција на локалните ранливи групи и на локалните граѓански организации во поддршка на комуникациските потреби на граѓаните. Проектот е поддржан од непрофитната фондација National Endowment for Democracy (NED).

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE