Search
Close this search box.

За почисто село Црник

Опис на проблемот

Општината Пехчево и жителите на Црник, најголемото село во оваа општина (671 жители), не можат да се договорат за главниот комунален проблем – собирањето на отпадот. Жителите одбиваат да ги платат сметките, бидејќи Комуналното претпријатие не го собира отпадот редовно. Како резултат на сето ова, имаме река преполна со отпад, ливади кои личат на огромни депонии. Контејнер не може да се најде никаде. Ова беше сликата од селото Црник, гордоста на Општина Пехчево по соживотот, каде на едно место сложно живеат Роми, Турци и Македонци. Црник потклекна пред отпадот, кој се мери во тони.

Денес, благодарение на граѓанската организација ЖЕНА и сторијата на Локал Актив ситуацијата е подобрена, во селото има 11 контејнери, реката е исчистена, и еве, прв понеделник како камионот дојде да го себере ѓубрето.   Но проблемите остануваат, нема договор за старите долгови со Јавното комунално претпријатие (ЈКП), не се потпишуваат новите  договори, не е решен проблемот со осветлувањето во селото. Жителите стравуваат дека по изборите сé ќе биде по старо, и дека повторно ќе се повлечат контејнерите, а ѓубрето ќе престане да се собира, нешто што веќе се има случено пред две години.

Барања

  • Јавното комунално претпријатие да направи прецизен список на должниците, со периодот и сумата што треба да ја платат.
  • Да се достават нови договори до секое семејство, за истите да можат да потпишат, со можност за жалба доколку некое семејство не е задоволно од начинот на пресметка, согласно бројот на домаќинствата.
  • Да се заменат сијалиците во селото, бидејќи селаните повеќе од две години плаќаат по 185 денари за услуга што не ја добиваат.

cover crnik
Фотографија од чистењето на село Црник во Февруари 2024 година
Застапување за решавање на овој проблем

Во рамки на уредништвото на Локал Актив, граѓанска организација која изработи план на активности за застапување за да се поттикне решавањето на овој проблем е Здружението „Жена“ од Делчево.

Реализирани активности
  • Локал Актив објави дека во февруари 2024 година неколку камиони на Јавното комунално претпријатие и на приватна компанија (на која ѝ платија самите жители на Црник) го собраа ѓубрето од депониите, а ЈКП постави и 11 контејнери за собирање на ѓубрето.  
  • Во април 2024 година, на иницијатива на младите од селото беше организирана широка акција за чистење на селото. Со јавното претпријатие „Комуналец“ беше постигнат договор отпадот редовно да се подигнува, а жителите редовно да ги плаќаат сметките.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE