Search
Close this search box.

Право на пензија за италијанските повратници

Опис на проблемот

Околу 150 македонски граѓани, кои дел од својот работен век до пензионирање го поминале во Италија, повеќе од две години по остварувањето на правото на пензија, не ги добиваат парите од странство. По враќањето во Македонија, овие „италијански пензионери“ земаат пензија во висина на социјална помош, па дури и помалку од тоа.

Егзистенцијата на овие некогашни гастарбајтери зависи од договор стар близу 70 години потпишан меѓу Италија и сега веќе непостоечката држава – Социјалистичка Федеративна Република Југославија, во чиј состав некогаш беше и нашата држава. Новиот билатерален договор за социјално осигурување со кој се регулираат пензиите, потпишан во 2014 година од македонска страна, сé уште не е ратификуван од италијанскиот Парламент. По повеќе ургенции од страна на Министерството за труд и социјална политика до италијанското Министерството за надворешни работи, овој договор сé уште не е ратификуван. И додека годините минуваат во „административен застој“, секој месец се зголемува бројот на македонски пензионери од Италија, каде живеат околу 70.000 граѓани на Република Северна Македонија.

За ова Локал Актив пишуваше во сторијата објавена во декември 2023 година.    

Барања

  • Народниот правобранител да покрене постапка кон МТСП и ПИОМ за кршење на правото на пензија и да  ги заштити правата на оваа најранлива категорија пензионери, за кои државата очигледно не покажува никаква грижа.
  • Донесувачите на одлуки и креатори на политики, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Брегалничкиот регион да го отворат прашањето на пензионерите/гастербајтери од Италија во Собранието и во Владата на РСМакедонија.

Фонд на пензиско и инвалидско осигурување на РСМ, филијала во Делчево
Застапување за решавање на овој проблем

Во рамки на уредништвото на Локал Актив, граѓанска организација која изработи план на активности за застапување за да се поттикне решавањето на овој проблем е Здружението Жена од Делчево.  

Реализирани активности

Во рамки на уредништвото на Локал Актив, граѓанска организација која изработи план на активности за застапување за да се поттикне решавањето на овој проблем е Здружението „Жена“ од Делчево.  

  • Во јануари 2024 година беа поднесени барања до Народниот правобранител: Барање од Фетах Јашаров и барање од адвокат кој дава бесплатна правна помош.
  • Народниот правобранител одговори на Фетах Јашаров дека отвара постапка и ќе побара одговор од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. На адвокатот му беше одговорено дека оштетените пензионери треба индивидуално да поднесуваат пријави до Народниот правобранител, како и дека ќе биде упатен допис до Министерството за надворешни работи.
  • Поднесено е барање до Министерството за труд и социјална политика, до утврдувањето на износот и исплатата на пензијата од Италијанскиот солидарен фонд, оштетените пензионери да добиваат надомест од РСМ во висина на  минималната плата во Македонија.
  • Во февруари 2024 година за проблемот беа информирани и неколку политички партии од Изборна Единица 3 кои се застапени во Парламентот, а остварени се разговор и средба со двајца актуелни пратеници, со цел ова прашњее да се разгледа во рамки на надлежностите на Собранието.

Локал Актив и натаму ќе ги следи мерките што ги преземаат институциите и ќе презема нови активности за решавање на овој проблем.  

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE