Search
Close this search box.

Продолжување на Програмата за борба против ХИВ

Опис на проблемот

Граѓанските организации кои речиси две децении ја спроведуваат Програмата за заштита на населението од ХИВ може да згаснат поради енормното кратење на средствата од страна на Министерството за здравство на РСМ. Во последните четири години, откако ова Министерство ги презема обврските од Глобалниот Фонд за борба против ХИВ и почна самостојно да ги финансира овие програми, средствата за финансирање на организациите значително се намалуваа секоја година. Со тоа, беше доведено во прашање и функционирањето на механизмите за превенција на ширењето на ХИВ инфекцијата меѓу луѓето под ризик и меѓу најранливите  категории граѓани. Тоа, пак, може да доведе до зголемување на бројот на новоинфицирани од ХИВ, а Македонија, од земја со ниска стапка на новозаразени  може да стане земја во која има епидемија на оваа заразна и смртоносна болест. За ова Локал Актив пишуваше во сторијата објавена во јануари 2024 година.    

Барања

  • Идната Влада веднаш по изборите да преземе мерки за зголемување на средствата за програмите, а од наредната година да обезбеди реален буџет за активностите што се предвидуваат со програмите за борба против ХИВ.

  • Владата да се придржува до потпишаните договори и меморандуми преку обезбедување програми за заштита на населението од ХИВ.

  • Министерството за здравство да ги прифати барањата на организациите и да обезбеди функционален тим за соработка со што ќе овозможи беспрекорно функционирање и финансиско работење  на програмите во интерес на корисниците на услуги.

Застапување за решавање на овој проблем

Во рамки на уредништвото на Локал Актив, граѓанска организација која изработи план на активности за застапување за да се поттикне решавањето на овој проблем на подрачјето на општина Штип, но и пошироко во земјата, е Здружението „Гласен текстилец“ од Штип.  

Реализирани активности
  • Во јануари 2024 година е испратен допис до Платформата за борба против ХИВ, со предлог да се одржи заеднички состанок на сите организации за да се теши овој проблем.
  • Во февруари 2024 година беше одржан состанок со членовите на Платформата на кој беа дадени конкретни предлози и насоки на застапување, како и временска рамка според која ќе се спроведе застапувањето.

Локал Актив продолжува да го следи остварувањето на барањата и ќе иницира нови активности за решавање на овој проблем.  

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE