Search
Close this search box.

Стрмни скали за лицата со пречки од Струмица

Опис на проблемот

Лицата со физичка попреченост во Струмица се соочуваат со големи проблеми кога треба да завршат некоја административна работа во локалните институции. Поради бројните бариери, овие луѓе мора внимателно да избираат по кои тротоари и патеки низ градот ќе се движат. Возењето со количка за лица со телесна попреченост е возможно единствено по градските сообраќајници, што ги изложува на ризик овие луѓе поради бројните автомобили и сѐ помалку совесните возачи кои управуваат со нив. 

Меѓутоа, граѓаните со физичка попреченост, особено оние со намалена подвижност, често мораат да одат во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кои се во иста зграда. Овие луѓе живеат живот полн со бариери. Велат дека малку улици се прилагодени за колички, а и таму каде што ги има се под стандардите. Многу од овие лица коментираат дека е апсурдно тоа што се прифатени од луѓето околу нив, но границите им ги поставуваат градбите и бетонот. Нема спуштени тротоари, рампи за пристап и лифтови во институциите, односно сѐ што е стандард во развиениот свет. Паркинг местата се премногу мали за луѓето кои користат инвалидски колички, скалите на влезовите од институциите се премногу тесни, топчестите кваки на вратите се несоодветни, патеките на влезовите се претесни за луѓето во инвалидски колички, шалтерите во институциите се високи, патеките за наплата на каса се тесни и тн. 

За овие проблем Локал Актив детално пишуваше во сторијата објавена во мај 2024 година.

Барања

  • Бараме од државните и локалните институци да обезбедат пристап за лицата со физичка попреченост во Струмица;
  • Бараме Министерство за здравство во најкраток можен рок да направи реконструкција на своите подрачни канцелари во Струмица со мобилни пристапни рампи;
  • Бараме Општина Струмица да обезбеди мобилни пристапни рампи во општинската зграда и во зградите на другите локални институции;
  • Бараме од Јавното претпријатие Паркиралишта Струмица да ги прошири паркинг местата наменети за лица со попреченост и да го зголеми нивниот број. 

Застапување за решавање на овој проблем

Во рамки на уредништвото на Локал Актив, граѓанска организација која изработи план на активности за застапување за да се поттикне решавањето на овој проблем е Здружението Размислувај различно од Струмица.

Реализирани активности
  • Во јуни 2024 година Здружението Размислувај различно упати формални барања до Министерството за здравство и до локалната власт Струмица, со цел да ги информира подетално за проблемот со кој се соочуваат лицата со попреченост и со барање да преземат мерки и да обезбедат финансиски средства овој проблем да се реши што е можно поскоро.
  • Општина Струмица одговори на упатеното барање, наведувајќи генерално дека ова ќе го има предвид при донесувањето идни програми за уредување на градежно земјиште и укажа дека ГО Размислувај различно треба да земе активно учество во организираните граѓански форуми на кои може да достави предлог за издвојување средства во Буџетот за оваа намена.

    Локал Актив го следи и натаму спроведувањето на барањата до институциите и ќе презема нови активности за решавање на овој проблем.  

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE