Преку мали групни работилници за блиските на настраданите и за повредените во трагичниот пожар во Пулс, групацијата Алтернатива, составена од психолози, започнува психоедукативни активности за пошироката заедница. Групите ќе бидат за возрасни, за млади и за професионалци, каде што ќе можат да споделуваат проблеми и мислења во група заради надминување на потешкотиите со коишто во моментот се соочуваат.
„Групното работење е лекувачко, бидејќи секој може да го сподели своето искуство. Важно ни е да бидеме дел од помошта којашто ќе ја даваме за граѓаните во овој град. Целта е да формираме групи за поддршка коишто ќе им помогнат на граѓаните да го надминат овој период којшто е стресен за целиот град и целата земја, која се соочи со огромна загуба“, истакна Давид Тасевски, европски сертифициран терапевт во групацијата Алтернатива.
Проектот „Простор за поддршка“ е со цел да понуди соодветен, достоинствен и етички пристап во поддршката на семејствата на настраданите и за граѓаните во Кочани од страна на психолози и стручни лица. Психоедукативна и психосоцијалната поддршка за сите заинтересирани граѓани како одговор на трагичниот настан од март оваа година.

„Групната работа многу често дава краткорочни, но и долгорочни резултати во работата со траума, и сакаме да бидеме сигурни дека тоа е потребно на граѓаните, затоа што бенефитите од групната работа секогаш се и долготрајни. Имаме чувство дека не сме сами во групната работа, во контролирана и сигурна средина можеме да доживееме одредена емоционална, можеби и катарза, и отворено да разговараме за сѐ она што се случува внатрешно во нас. Важно е да се работи и со професионалците коишто беа засегнати и коишто помагаа во целиот тој процес, затоа што тие трауми што можеби се создале во нив, може да се пројават многу понатаму во животот. Затоа е значајно сега да се разговара за тој трауматичен настан, за потоа да избегнеме последици коишто можат да се случат, односно кај младите девијантни однесувања, а кај возрасните одредени симптоми кои ќе бидат последица токму на ова. Затоа ја препорачуваме групната работа и сакаме да слушнеме што точно е потребно за да може да се интервенираме навремено и долгорочно“, истакна Тина Чачоровска од групацијата Алтернатива.
По формирањето на мали групи, стручни лица ќе работат со граѓаните, а во зависност од интересот и искажаните потреби, ќе се определува и големината на групата, за да се избегнат непријатности да се зборува за лични трауми и проблеми пред поширок круг на луѓе.
Т. А.