Усвоени законските измени со кои ќе може да се постават физички прегради на експресниот пат Штип – Кочани 

Сообраќајните незгоди на експресниот пат Штип – Кочани кои за три години однесоа 9 животи, беа причина за покренување законски измени, со кои се очекува да се подобри безбедноста на овој тип патишта во државата.

На вчерашната седница во македонското Собрание беа усвоени измените на Законот за јавни патишта, со кои ќе може да се постават прегради и друг тип забавувачи на сообраќајот на експресните патишта.

Како што образложи пратеникот Бојан Стојановски, со измените се дефинира поимот експресен пат, со кои им се дава можност на државните органи и општините да интервенираат со сообраќајни прегради.

„По последните случаи на јавните патишта, се случија деликти поради неприлагодена брзина на патиштата. Едноставно мора да се интервенира во законот за да се зголеми безбедноста на овој тип на патишта“, рече Стојановски, кој е еден од предалгачите на измените.

Експресниот пат Штип – Кочани кој е во функција од 2022 година, е оценет како еден од небезбедните патишта, со оглед на загестените сообраќајќи. На иницираната јавна расправа на 29 мај годинава во Кочани, на која учествуваа експерти и претставници на надлежните институции, вклучително и на сообраќајната полиција, беше предложено физичко раздвојување на две па и три ленти, како една од мерките за зголемена безбедност.

„Може да се одвојат спротивните ленти физички до мрежи, по пример на еспресниот пат во Њу Џерси, САД. Може да се извојат 2+1 лента наизменично во зависност од условите на патот. Но, за ова да се примени, потребни се измени на Законот за јавни патишта“, изјави на расправата Маја Арсовска Манов, началник за сообраќајни работи во МВР.

Експертите на расправата детектираа неколку точки, каде особено треба да се интервенира и да се засили безбедноста на патот – тоа се клучката Три Чешми – исклучувањето за ТИРЗ Штип, потегот Крупиште – Спанчево, клучката Спанчево – Тркање, и Кочани надвозник за Тркање.

Според направените анализи, на експресниот пат се вози пребрзо, а главен фактор за сообраќајните незгоди е неприлагодената брзина на условите на патот, потоа непрописното движење со возилото, непочитувањето на првенството на минување, непочитување на правилото за држење една страна и правец, недоволното растојание меѓу возилата и на крајот возење со алкохол и грешки на пешаците.

В.К.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE