Од казна до нова можност, струмичкиот затвор ги подготвува осудените лица за нов почеток

„Во затвор научив занает. Сега знам што ќе правам кога ќе излезам.  Ќе отворам сопствен бизнис“, раскажува осуденик кој моментално ја издржува својата шестмесечна казна во струмичкиот затвор. За него, монтажата на камени плочки не е само нова вештина, туку и шанса за нов почеток и поинаков живот.

„Ова многу ни значи. По завршувањето на казната, планирам да основам сопствена фирма во која ќе работам со камен и се што е поврзано со занаетот што го усовршив овде. Сакам да почнам одново, затоа што сум семеен човек со четири ќерки, коишто очекуваат од мене“, додава тој.

Во моментот, во струмичкиот затвор, кој е од полуотворен тип, казна издржуваат над 80 лица, од кои околу половина се активно вклучени во различни работни активности.

Приказната на овој осуденик е само една од многуте во казнено -поправната установа во Струмица, каде ресоцијализацијата добива сѐ попрактична димензија. За дел од затворениците, времето зад решетки не е само казна, туку и можност за промена. Преку работен ангажман и обуки, тие се подготвуваат за нова страница во животот.

Во моментот, во струмичкиот затвор, кој е од полуотворен тип, казна издржуваат над 80 лица, од кои околу половина се активно вклучени во различни работни активности. Некои работат на проекти внатре во затворот како изградба на мала црква, ограден ѕид, земјоделие, додека други се ангажирани од приватни компании.

Сите активности се на доброволна основа.

„Како установа, посветено работиме на секторот за ресоцијализација. Тоа значи социјална интеграција на осудените лица, стекнување нови вештини и знаења, прифаќање на грешките и подготовка за успешна реинтеграција по завршувањето на казната. Годинава се склучени околу 37 договори со приватни фирми, претежно во градежништвото, земјоделството, одгледување едногодишни и повеќегодишни култури, занаетчиство и слично“, објаснува Зоран Ристов, директор на КПУ Затвор Струмица.

„Работниот ангажман позитивно влијае и на однесувањето и на мотивацијата на осудените лица. Почнуваат да веруваат дека по излегувањето имаат реална шанса за нов почеток“, додава Ристов.

Затворот во Струмица како казнено-поправна установа од полуотворен тип и е наменет за лица осудени на затворска казна до три години.

З.Ѓ.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE