Ненаучени лекции од Малешевските пожари

Опис на проблемот

Лекциите од претходните шумски пожари во Малешевско-Пијанечкиот регион како да не се научени. Крајниот дел на Источниот регион на државата последните пет години се бори со страшни шумски пожари. Најзапаметен ќе остане оној во август 2021 година, кога жителите на Источниот регион на земјата беа сведоци на неколкудневниот најкатастрофален пожар што некогаш се случил на овие простори, кој остави трајни последици врз живиот свет.

Во моментов, нашата земја нема конкретен и одржлив систем за спречување и справување со пожари, па овие настани секогаш претставуваат огромен предизвик за локалното население и институциите.  Последната Национална стратегија за заштита и спасување била со важност до 2018 година. На терен нема  ниту доволен број пожарникари, ниту соодветна опрема. Вознемирувачки е бројот на пожари во последните 20 години – над 190 пожари во кои изгореле 310.649 хектари шума или 31.03% од шумите во државата. Штетата е уште поголема и последиците ќе се чувствуваат во иднина, со оглед на тоа што страда целокупниот екосистем – растителниот и животинскиот свет, како и животните услови на граѓаните. Пожарите драстично и неповратно го влошуваат квалитетот на амбиенталниот воздух, што од година во година придонесува за деградација на микроклиматските карактеристики на територијата на целата земја. 

Барања
  • Бараме од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со другите надлежни институции на регионално и локално ниво: да воспостават системи за рана детекција на пожарите, со цел навремена реакција и справување;да ја подобрат оперативната подготвеност на противпожарните единици и доброволните пожарникарски единици, преку снабдување со опрема и теренски вежби за справување со стихиите; 
  • Бараме од Македонски Шуми, ЈП Национални шуми и од општините во Источниот регион да вложат средства за реставрација на опожарените површини во рамки на јавни акти и проекти; 
  • Бараме од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да ги стимулира земјоделците и приватните сопственици за соработка во превентивно пошумување; 
  • Бараме од граѓанските организации да работат на подигнување на јавната свест и едукација на локалното население спречување и пријавување пожари.

Застапување за решавање на овој проблем

Во рамки на уредништвото на Локал Актив, граѓанска организација која изработи план на активности за застапување за да се поттикне решавањето на овој проблем е Регионалниот центар за застапување од Делчево (РЦЗ).

Реализирани активности
  • Во јули 2025 година, РЦЗ Делчевоз изработи едукативно видео  и спроведе кампања за подигнување на нивото на информираност и свесност на  населението во регионот за превенција од пожари. 

    Локал Актив и натаму ќе ги следи мерките што ги преземаат институциите и ќе презема нови активности за решавање на овој проблем.  

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE