ЦГК: Штип и Струмица во Топ 10 општини во државата со најголеми вредности на тендерите, а Дојран со максимални 675 евра по жител

Во три општини од Источниот и Југоисточниот регион – Штип, Струмица и Виница  во 2024 година значајно пораснала вредноста на јавните набавки, додека во регионалните центри – Штип и Струмица зголемени се и вредностите на поединечните тендери. Овие две општини се наоѓаат и во Топ 10 општини по најголеми вредности на тендерите за изминатата година. Од друга страна, Радовиш пак е општината која се најде на листата со најголем пад на вредностите на јавните набавки со намалување од 2 милиони евра во однос на 2023 година, покажа најновата анализа на Центар за граѓански комуникации (ЦГК), кој со години ги следи јавните набавки на локални и централно ниво.

„Само 13-те општини кои имаат најголема вредност на јавните набавки (каде се Штип и Струмица н.з.), заедно трошат за јавни набавки околу 95 милиони евра, што е половина од вкупно потрошената сума за јавни набавки на сите единици на локална самоуправа. Односно првите 13 општини потрошиле за јавни набавки колку што потрошиле останатите 68 општини заедно“, пишува во Анализата.

Сите општини заедно, вклучително и Град Скопје, во текот на 2024 година потрошиле 190 милиони евра за тендери, што во однос на 2023 година е пораст за 16% или 26 милиони евра.

Меѓу десетте општини со најмала вредност на јавни набавки три се од Источниот и Југоисточниот регион – Чешиново – Облешево (352.967 евра), Зрновци (449.680 евра) и Конче (453.500 евра).

Во 2024 година, просечно, на јавни набавки по жител најмногу издвоила Општина Дојран, дури 675 евра.

„Општината втора година по ред издвојува најмногу пари за јавни набавки по жител“, се забележува во Анализата. 

На трето место, со 355 евра по жител, е Општината Карбинци.

Општина Струмица го има и најголемиот поединечен склучен договор за јавна набавка – тендерот со ЏОВИ КОМПАНИ од Ново Село во вредност од 279 милиони денари (4,5 милиони евра), за изградба на нов градски пазар. ЏОВИ КОМПАНИ е трета на листата компании со најголема вредност на договорите за јавните набавки. 

„Со оваа фирма општините склучиле вкупно 10 договори во вредност од 336 милиони денари или 5,5 милиони евра. Седум од договорите ги склучила фирмата ги склучила со Општина Босилово и три со Општина Струмица“, стои во Анализата.

Дојран, Струмица, Босилово и Виница се меѓу 13 општини кај кои само една фирма има добиено половина од вкупните набавки на општината за 2024 година.

„Воочувањето концентрација на една фирма во јавните набавки на одделните општини е и една од главните придобивки на оваа база на податоци за јавните набавки на општините, бидејќи овозможува јасен и визуелен приказ на состојбите. Целта на овој податок е да ги 

алармира локалните власти да преземат активности во насока на стимулирање на конкуренцијата, како и, по можност, поделба на тендерите на делови наспроти нивно окрупнување“, информираат од ЦГК.

Според Анализата на ЦГК, 80-те општини и Град Скопје во 2024 година склучиле вкупно 4.006 договори за јавни набавки во вредност од 11,7 милијарди денари, односно 190 милиони евра. Општините склучиле договори за јавни набавки со 1.210 фирми. Дури една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми. а врвот според вкупната вредност на договорите е ЕДС (Енерџи деливери солушнс) со вредност на договорите од 500 милиони денари, односно околу 8 милиони евра. Општините трошат на јавни набавки просечно по 28 % од своите буџети.

„Воочувањето концентрација на една фирма во јавните набавки на одделните општини е и една од главните придобивки на оваа база на податоци за јавните набавки на општините, бидејќи овозможува јасен и визуелен приказ на состојбите. Целта на овој податок е да ги алармира локалните власти да преземат активности во насока на стимулирање на конкуренцијата, како и, по можност, поделба на тендерите на делови наспроти нивно окрупнување“, информираат од ЦГК.

Според Анализата на ЦГК, 80-те општини и Град Скопје во 2024 година склучиле вкупно 4.006 договори за јавни набавки во вредност од 11,7 милијарди денари, односно 190 милиони евра. Општините склучиле договори за јавни набавки со 1.210 фирми. Дури една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми. а врвот според вкупната вредност на договорите е ЕДС (Енерџи деливери солушнс) со вредност на договорите од 500 милиони денари, односно околу 8 милиони евра. Општините трошат на јавни набавки просечно по 28 % од своите буџети.

Р. Л.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE