Oд оваа студиска година на Универзитетот во Штип ќе може да се студира Фармација и на англиски јазик

Од денес се отворени над 2.100 места за редовни и 800 места за вонредни студенти на 12 факултети и три академии на Универзитетот Гоце Делчев (УГД) во Штип. Почнаа уписите на кои им претходеше електронско пријавување. Идните студенти од денес и во следните два дена ќе можат да ги донесат документите во приемните центри во Штип, Скопје, Струмица, Кавадарци и Гевгелија.

Со конкурсот УГД и оваа година нуди можност за избор на 80 студиски програми, а за прв пат оваа година студентите ќе може да студираат Фармација и на англиски јазик. За странските студенти се резервирани 30% од местата на сите факултети. Најголем интерес има за медицинските науки. Проректорот за настава Мишко Џидров најави ослободување од плаќање партиципација за одреден број студенти.

„Како и минатите години, така и оваа, универзитетот се обидува да им помогне на студентите при запишување на факултет. Сите оние кои што успешно завршиле средно образование и имаат повеќе од 80 поени, ќе може да се проверат, да видат дали се ослободени од плаќање партиципација за прва година. Бројките се различни за различни факултети – на Медицинскиот факултет  20-те најдобро рангирани ќе бидат ослободени, по 10 ќе бидат ослободени од плаќање партиципација на Факултетот за информатика, на Земјоделски факултет, како и на факултетите за Природни и Технички науки, Економски, Правен и за Туризам и Бизнис логистика. По 5 студенти ќе бидат ослободени од партиципација на Електротехнички, Машински, Техничко-технолошки, Факултет за образовни науки, Музичката академија и по 2 ослободувања од плаќање партиципација на Ликовна академија и Филмска академија“, рече Џидров.

По вториот уписен рок следува и вториот на 4 и 5 септември, и третиот на 17 и 18 септември, по што почнуваме со настава од 1 октомври. Со почетокот на студиската година, во октомври ќе биде објавен и конкурсот за ранливи категории.

Р. Л.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE