Мобилната гинеколошка амбуланта секој четврток ги посетува селата во Делчевско

Прегледите на првите девет пацинетки од делчевското село Разловци го означија почетокот на активностите на мобилната гинеколошка амбуланта во делчевскиот регион. Планот е секој четврток во следните недели да се посетат селата Тработивиште и  Црник, за на крај акцијата да заврши во Виница, во Ромското маало.

На жените, кои претходно се пријавуваат за прегледите, им се прави ПАП тест, добиаат ЕХО преглед и лабораториски анализи. 

Амбулатното возило е на ГО Хера, која ги организира превентивните прегледи во соработка со Министерството за здравство. На терен во источниот регион организатори на активностите се активистите од организацијата Жена од Делчево.

„Има голем интерес од жените, особено што амбулантното возило им доаѓа во местото на живеење, со што не губат ден од работа за да патуваат до околните места за преглед или други потреби. Добиваат и едукација за репродуктивното здравје, додека резултатите од земените тестови наместо за 30 дена, како што е вообичаено, овие жени ќе ги имаат за 15 дена“, изјави Зоран Биковски од организацијата Жена. 

Планот е да се прегледуваат по десет жени, додека до крајот на активностите близу сто жени да добијат превентивни прегледи. Се очекува половината да бидат од виничкото Ромско маало.

Р. Л.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE