Вести

Дојран стана прва општина во регионот со подземен катастар

Во функција на намалување на загубите на вода и подобрување на управувањето со водоснабдителната мрежа, Општина Дојран изработи подземен катастар, со што стана првата општина во регионот со ваква инфраструктура. Проектот преку кој е изработен подземниот катастар е во соработка со Германската асоцијација за меѓународна соработка (ГИЗ) и, според претставници на општината, тоа ќе значи […]

Дојран стана прва општина во регионот со подземен катастар Read More »

Граѓаните на општина Василево бараат да се набави ново комунално возило за да се реши еден еколошки проблем

Жителите на Општина Василево на јавна дискусија, одлучија, грант од околу 50 илјади долари, обезбеден преку програма на Швајцарската влада и македонското Министерство за локална самоуправа, да се искористи за набавка на камион за собирање и транспорт на смет. Дискусијата во оваа општина се одржа во рамките на серијата така наречени Форуми на заедницата, на кои граѓаните

Граѓаните на општина Василево бараат да се набави ново комунално возило за да се реши еден еколошки проблем Read More »

На референдум граѓаните да можат да одлучуваат за несовесните градоначалници е една од предлог измените на Законот за локална самоуправа

Референдумска можност за отповикување на градоначалниците, коишто несовесно постапуваат, е една од трите клучни измени на Законот за локална самоуправа, што деновиве се предмет на јавна расправа. Другите две се воведување на комунален редар и поголема вклученост на граѓанскиот сектор во работењето на општините. Предложените новини на кои работи експертска група, беа претставени на вчерашната

На референдум граѓаните да можат да одлучуваат за несовесните градоначалници е една од предлог измените на Законот за локална самоуправа Read More »

Струмичани тешко ги менуваат навиките во третманот на отпадот

Слаб е интересот за селекција на отпадот во Струмица. И покрај тоа што 1600 домаќинства добија дополнителна канта за отпадоци, а од неодамна имаат и специјализирани контејнери пред станбените објекти – Струмичани тешко ги менуваат навиките и  малку се вклучуваат во процесот на селекција. Наместо селекција на отпадот, дел од опремата беше вандализирана, а отпадот

Струмичани тешко ги менуваат навиките во третманот на отпадот Read More »

Лица со попреченост на манифестацијата „Убави сме, свои сме“ во Струмица побараа поголема вклученост во општеството

Облечени во облека од познати брендови и модни куќи, а придружувани од културни работници, лекари, спортисти, пејачи, политичари, 23 лица со попреченост синоќа продефелираа по импровизираната модна писта во Центарот за култура во Струмица.  Оваа уникатна модна ревија е во традиционалната манифестација „Убави сме, свои сме“, на која лицата со попреченост ширеа позитивна енергија на

Лица со попреченост на манифестацијата „Убави сме, свои сме“ во Струмица побараа поголема вклученост во општеството Read More »

Општина Штип одобри нови 114.000 евра за довршување на т.н. „ромска“ населба – која одамна требаше да биде изградена и да чини поевтино

Со мнозинство гласови денеска на Седница на Советот на Општината Штип беа одобрени дополнителни 7 милиони денари (114.000) евра од Буџетот на општината, за инфраструктурни работи на проектот за социјални станбени куќи, наменети за ромските семејства кои на диво живееја во руинираниот објект на Старото нервно одделение во градот. Овој проект требаше да чини вкупно 895.400

Општина Штип одобри нови 114.000 евра за довршување на т.н. „ромска“ населба – која одамна требаше да биде изградена и да чини поевтино Read More »

Струмица доби канцеларија за поддршка за згрижувачки семејства

СОС Детско село – Центар за поддршка на згрижувачките семејства отвори подрачно одделение во Струмица со цел да го афирмира процесот на згрижување деца без родители, но и за да пружа помош на оние семејства кои згрижиле деца. Како што потенцираше директорката на Центарот, Јулијана Гапо, канцеларијата е резултат на соработката со Општина Струмица. Отворањето, според неа ја јакне

Струмица доби канцеларија за поддршка за згрижувачки семејства Read More »

Туризмот, дигитализацијата и спречување на младите да се иселат се приоритети на Брегалничкиот регион

Предизвиците на Источниот плански регион на кои се фокусираат програмите за следните години се како да се задржат младите и да се намали иселувањето, како да се подобри инфраструктурата и да се развие туризмот. На денешната промоцијата на „Денот на регионот“ беше истакнато дека ова се сериозни предизвици, на кои општините ќе мора да посветат

Туризмот, дигитализацијата и спречување на младите да се иселат се приоритети на Брегалничкиот регион Read More »

Дел од училиштата во Босилово почнаа самостојно да произведуваат струја

Три училишта во општина Босилово започнаа самостојно да произведуваат струја преку поставените фотоволтаични панели. Со поставувањето на овие системи, тие придонесуваат за одржливото користење на обновливи извори на енергија. Инсталирањето на фотоволтаци, според градоначалникот Ристо Манчев, е дел од напорите на општината да се зголеми енергетската ефикасност и да се обезбеди одржлив развој. Општинските планови

Дел од училиштата во Босилово почнаа самостојно да произведуваат струја Read More »

Пропадна јавната расправа за депонијата во Кочани поради отсуство на претставници од Министерството за животна средина

Уште пред да почне, веќе беше завршена јавната расправа за Проектот за воспоставување регионален систем за управување со отпад во Источниот Плански Регион, проект од програмата ИПА 2, што ја закажа Општина Кочани во врска со проблемот со градската депонија. Причина за тоа е што присутните граѓани, меѓу кои голем број беа и од оние

Пропадна јавната расправа за депонијата во Кочани поради отсуство на претставници од Министерството за животна средина Read More »

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE