Младите речиси ги нема во локалните буџети

Во скорешен извештај за учеството на младите во градењето политики, се бара воведување посебна буџетска ставка за млади во рамките на буџетите на општините и државните институции, како и креирање механизми за надзор на спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики, и на централно и на општинско ниво.

Ова барање, изнесено во извештај на  Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), доаѓа оттаму што дури 8 од 10 младите сметаат дека властите делумно или воопшто не се грижат за потребите на младите и дека дури две третини од младите никогаш не биле вклучени или воопшто консултирани од страна на институциите, вклучително и од локалните институции.

Отсуството на младински организации и нивните конституенти е видливо и во начинот на креирање на буџетите на општините, сугерира Мариана Ангелова, генерален секретар на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

3-Мариана-Ангелова
Членот 23 од Законот за младинско учество и младински политики, предвидува институциите (вклучително и општините) задолжително да одредат лице одговорно за работењето на Канцеларијата за млади, познат и под називот Службеник за млади, треба да координира, спроведува и да следи прашања од интерес на младите во доменот  на надлежностите на институцијата. Младите се поттикнати да се обратат кај соодветниот Службеник за млади  во врска со прашања кои ги засегаат а за кои е надлежна соодветната институција.  

„Поради тоа што не постои посебна буџетска ставка за млади не е возможно да се утврди дали општините го издвојуваат законски пропишаниот минимум. Самиот Закон предвидува и неколку механизми кои би требало да го олеснат пристапот на младите до институциите и да гарантираат нивна поголема вклученост, а ние работиме на информирање на младите за овие можности“, вели Ангелова.

НМСМ заедно со уште неколку невладини организации ги поттикнуваат младите да се активираат во своите локални средини за средствата кои според законот им следуваат младите. Неодамна имаа и кампања на социјалните мрежи каде ги информираа младите за нивните законски можности.  Согласно Законот за младинско учество и младински политики, секоја општина е должна да издвои 0.1% од својот Буџет за активности за млади.

Во извештајот се бара и да се креираат и спроведат програми за јакнење на капацитетите на претставниците на Локалните младински совети и младинските службеници, како и да се отвори јавна расправа за измена на Законот за младинско учество и младински политики и унапредување  на законскиот текст, базирано на научените лекции од последните две години

Инцијативата од која е дел овој извештај се прави во рамките на проектот „Заедници инклузивни за млади“ кој е финансиран од Европската Унија, а партнери се Фондацијата за развој на локалната заедница  – Штип и Youth Empowerment Platform – YEP.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE